1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брејвик прогласен за непресметлив

Андерс Беринг Брејвик, човекот кој го изврши најужасниот масакар во Норвешка по Втората светска војна, е прогласен за психички болен, според тврдењето на медиумите.

default

Наместо во затвор-во психијатриска болница?

Масовниот убиец Андерс Брејвик, според извештај на медиумите, бил оценет за психички непресметлив од страна на судски психијатри. Веста ја објави булеварскиот магазин „ВГ“ на својата веб-страница.

Одлуката за непресметливост би значела дека тој не би можел да биде осуден на затворска казна, туку би бил испратен на психијатриска нега. Судот во Осло ангажираше двајца психијатри за да утврдат дали тој бил непресметлив, кога на 22 јуни постави автомобил-бомба во Осло, што уби осум луѓе, пред да замине на островот Утоја, каде во младинскиот камп застрела 69 луѓе, главно млади учесници. Како мотив за своето дело Брејвик го истакна противењето кон мултикултурализмот во Норвешка.

Автор: ЖА/ГЧ/дпа/ртре

Редактор: Г. Чутаноски