1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брејвик доби 21 година затвор

Повеќе од една година по нападите во Норвешка, во кои загинаа 77 луѓе, судот во Осло денеска (24.08) го осуди масовниот убиец Андерс Беринг Брејвик на 21 година затвор.

Покрај затворот во траење од 21 година, што инаку е највисока казна во Норвешка, атентаторот Андерс Брејвик доби и продолжено затворање, кое ќе се надоврзе по истекот на затворската казна. Продолженото затворање се изрекува доколку се процени дека тој и натаму претставува опасност за општеството. Судот го прогласи 33-годишниот Брејвик за пресметлив. Доколку беше прогласен за непресметлив, атентаторот можеби нема да добиеше затворска казна, туку ќе беше испратен во психијатрија. Вака, тој најверојатно ќе биде префрлен во затвор на периферијата на Осло.

Urteil gegen Breivik in Oslo

Брејвик не покажува знаци на каење

Брејвик ги изврши нападите на 22. јули 2011. година во владиниот кварт во Осло и во камп на социјалдемократската младина на островот Утоја. Тој не покажува знаци на каење. Во текот на процесот постојано се спротивставуваше на тоа да биде прогласен за непресметлив. Одбраната на Брејвик најави дека доколку судиите одлучат оти атентаторот е непресметлив, тој ќе се жали на пресудата.

Обвинителството бараше Брејвик да биде прогласен за непресметлив. Двете вештачења направени за таа цел дадоа спротивни резултати. Многумина Норвежани посакуваа затвор за Брејвик. Неговите напади длабоко ја потресоа земјата.