1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брејвик гаѓан со чевел на суд

Судењето на норвешкиот екстремист Андерс Брејвик денеска за кратко било прекинато во Осло, бидејќи член на семејството на една од жртвите од масакрот го гаѓал со чевел, извикувајќи: „Убиец, оди во пеколот!“

Мажот кој го фрлил чевелот наместо Брејвик ја погодил столицата на која седел адвокатот на обвинетиот. Ваквиот потег бил дочекан со аплауз од дел од присутните.

По инцидентот напаѓачот веднаш бил отстранет од судницата, во придружба на обезбедувањето.

Брејвик призна дека на 22. јули убил 77 луѓе пред седиштето на норвешката влада во Осло и на островот Утоја, во Младинскиот камп на Лабуристичката партија. Норвешкиот ултрадесничар, меѓутоа, не смета дека има кривична одговорност за убиствата, за кои и самиот смета дека биле сурови, но и „потребни за да ја спаси земјата од муслиманската инвазија“.