1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бремен и Хамбург во полуфиналето на Купот на УЕФА

Двата германски претставника во Купот на УЕФА се изборија за пласман во полуфиналето, во кое Вердер и Хамбургер ќе играат меѓусебе. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат два тима од Украина.

default

Бремен и Удинезе играа нерешено

Вердер во Удине одигра нерешено 3 спрема 3 и ја сочува предноста постигната на домашен терен во Бремен, кога го совлада Удинезе со 3 спрема 1. И синоќа клучна личност во редовите на Вердер беше Бразилецот Диего - домаќините поведоа, тој го постигна првото изедначување. Удинезе потоа до крајот на првото полувреме го анулира резултатот од првата средба, остварувајќи водство од 3 спрема 1. И, повторно на сцена стапи Диего - прво намали на 3 спрема 2, а потоа не реализира пенал. Но, веднаш потоа Писаро ја затресе противничката мрежа и се погрижи за конечните 3 спрема 3.

Покрај поразот Хамбургер во полуфиналето

Martin Jol

Тренерот на Хамбургер Мартин Јол

Хамбургер е поразен во Манчестер, но ја зачува предноста од првата средба и по 26 години повторно се најде во полуфинале на еден европски фудбалски куп. Манчестер сити победи со 2 спрема 1 и има за што да жали, оти неговите играчи два пати ја погодија стативата, а еднаш пречката на голот на германската екипа. А, всушност, почетокот беше „по мерка“ на Германците - Пауло Гереро веќе во 12 минута го доведе Хамбургер во водство. Но, по само 4 минути Манчестер сити изедначи, а на почетокот на второто полувреме, во 50-тата минута и поведе.

Но, остана на тие 2 спрема 1, недоволно за пласман меѓу четирите најдобри во купот на УЕФА - место таму обезбеди Хамбургер. „Полуфиналисти сме на Купот на УЕФА - тоа е убава приказана. Полуфиналисти сме и во германскиот куп. Сосем ни е се’ едно против кого ќе играме - мораме да продолжиме по нашиот пат и ќе дадеме се’ од себе против Вердер за да победиме во двете средби ида се пласираме во финалето“, рече менаџерот на Хамбургер Дитмар Бајерсдорфер.

Во другиот полуфинален дуел ќе се состанат Динамо од Киев и Шахтјор од Дпњецк. Динамо го совлада Пари сен Жермен, откако во првиот дуел беше 0 спрема 0, а Шахтјор го победи Олимпик Марсеј во двата дуела со 2 спрема 1 и 2 спрема 0.

Автор: Сара Фаупел / Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска