1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Бремен – избори

По изборите во гераманската покраина Бремен, раководствата на партиите денеска ги анализираат можностите за коалицирање. Додека социјалдемократите изјавуваат дека немаат партнер кого што го претпочитаат, ЦДУ се залага за продолжение на големата коалиција. На изборите во Бремен двете најголеми партии, СПД и ЦДУ, претрпеа загуби на гласови, но и натаму имаат најголем број пратеници во покраинскиот парламент. Во споредба со минатите избори, зелените добија повеќе гласови, а на либералите им успеа да го минат цензусот и повторно да се вратат во парламентот. Еден пратеник ќе има и десно-екстремната ДВУ.