1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бредли Менинг: „Од денеска викајте ме Челзи“

Информантот на Викиликс, Бредли Менинг, осуден на 35 години затвор, во иднина сака да живее како жена и ќе се вика Челзи. Ова тој го соопшти денеска (22.08) во присуство на својот адвокат.

„Бидејќи преминувам во нова фаза од мојот живот, сакам сите да го знаат моето вистинско јас“, соопшти Менинг денеска во присуство на својот адвокат Дејвид Кумбс за телевизија ЕнБиСи: „Јас сум Челзи Менинг, јас сум жена“.

Менинг се претстави како трансексуалец. 25-годишниот истакна дека е роден во машко тело, но уште од детство се чувствувал како девојче. Колку што може поскоро тој сака да започне хормонска терапија за промена на полот.

„Би замолил од денеска да ми се обраќате со моето ново име и да ме ословувате како жена“, стои во неговото соопштение.

Воен суд во Форт Мид вчера на Менинг му изрече затворска казна од 35 години поради предавање на стотици илјади тајни документи на интернет платформата Викиликс, која јавно ги објави. Покрај затворот, на Менинг му беше изречено и деградирање и отпуштање од армијата, со што ги губи и правата за пензија за поминатиот работен век во досегашната служба. Менинг, во случај на примерно однесување, има можност да излезе на слобода по девет години.