1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Браќа Чеченци осомничени за нападите во Бостон

Двајцата осомничени атентатори од Бостон се двајца браќа доселени во САД од Чеченија. Едниот е убиен од полицијата, по другиот се води огромна потрага.

Осомничените за нападите за време на маратонот во Бостон по потекло се од руската автиономна Република Чеченија, кои пред да добијат виза за легален престој во САД, извесен период живееле во Турција, објави електронското издание на лондонскиот весник „Тајмс“.

Американските медиуми, претходно информираа дека чеченските браќа пред речиси една година допатувале во САД и се населиле во градот Кембриџ во американската сојузна држава Масачусетс, чиј главен град е Бостон.

DzhokharTsarnaev USA Anschläge MIT Universität Massachusetts Boston Marathon Watertown

Полицијата трага по осомничениот Џохар Царнаев

Полицијата трага по помалиот од осомничените браќа, 19-годишниот Џохар Царнаев, додека постариот, Тамерлан Царнаев (26) беше ранет при престрелка со полицијата во кампусот на Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), по што подоцна во болница им подлегна на здобиените повреди. Полицијата во Бостон соопшти дека до следната наредба поради безбедносни причини целосно е запрен јавниот транспорт во градот и реонот околу него. Медиумите наведуваат дела мерката е воведена во рамките на потрагата по осомничниот Џохар Царнаев.

USA Anschläge MIT Universität Massachusetts Boston Marathon Watertown

Институтот за технологија на Масачусетс (МИТ), опколен од полициски сили

На теренот во Ватертаун се наоѓаат и агентите на американското федерално истражно биро ФБИ, а државната полиција на Масачусетс го предупреди населението да не излегува од домовите и дека ќе оди од врата до врата во потрага по осомничениот. Исто така, жителите беа предупредени да не пуштаат во домовите никој освен припадници на полицијата кои ќе се легитимираат и да стојат понастрана од прозорците.

До потерата дојде по смртта на полицаец на универзитетот МИТ. Полицискиот службеник таму бил повикан поради попречување на мирот, а потоа бил убиен. Точната заднина на работите засега не е позната.

Таткото на двајцата браќа осомничени за бомбашкиот напад во Бостон, Анзор Царнаев тврди дека неговиот син Џохар, кој се‘ уште е на слобода, е паметно и образовано момче и е изненаден од вестите дека неговите синови се вмешани во ова злосторство.
Тој се јавил во агенцијата АП од градот Махачкала, во руската кавкаска Република Дагестан, откако американската полиција соопшти дека еден од неговите синови, 26-годишниот Тамерлан Царнаев е убиен, а по другиот 19-годишниот Џохар Царнаев се трага.
„Мојот син е вистински ангел. Џохар студент на втора година по медицина
во САД. Тој е многу интелигентно момче. Го очекувавме да си дојде дома за празниците“, изјавил таткото.
Телевизијата Си-Ен-Ен ја пренесе изјавата и на нивниот вујко Руслан, кој веќе
десетина години живее во САД.
„Тие пораснаа во Киргистан, а пред седум-осум години дојдоа во Америка. Имавме
семејни несогласувања па неколку години не бевме во контакт, но тоа утро ми се
јави Тамерлан и побара од мене да му простам“, раскажува Руслан.

Во нападот врз маратонот загинаа три лица, а повредени се околу 180. Вчера полицијата првпат објави фотографии на осомничените, на кои се прикажани две момчиња со ранци, во кои, според претпоставките, транспортирале експлозив.