1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Браќата од Бостон немале помагачи?

Второто лице осомничено за бомбашкиот напад во Бостон се‘ уште не може да биде сослушано поради тешката повреда. Полицијата има многу прашања за Џохар Царнаев. Обвинителството подготвува обвинение поради тероризам.

Истражните органи радо би му поставиле голем број прашања на 19-годишниот Џохар Царнаев, но мораат да чекаат. Царнаев, осомничен за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон, во кој загинаа три лица, а ранети се над 180, поради тешките повреди се‘ уште не е во состојба да дава какви било изјави. Лекарите велат дека неговата состојба е стабилна. Американските медиуми наведуваат дека Царнаев е ранет во вратот, поради што не може да зборува.

Гувернерот на американската сојузна држава Масачусетс, Девал Патрик, се надева дека осомничениот ќе преживее и ќе биде во состојба да одговори на стотиците прашања. Пред се‘ се работи за подготовката и извршувањето на нападот, мотивите и целата заднина. Како и каде се радикализирале браќата кои дотогаш биле речиси неприметни? Дали имале помагачи? Дали биле дел од некоја терористичка група? Дали преживеаниот Џохар можеби знае за можни други напади?

Полицијата смета дека браќата работеле сами

USA Boston Marathon Anschläge Gedenkfeier

Сеќавање на жртвите од нападите врз Бостонскиот маратон

Полицијата, според сопствени наводи, смета дека браќата Царнаеви немале контакти со терористички групи како Ал Каеда.

„Колку што ми е познато, тие дејствувале сами“, изјави за СиЕнЕн Едвард Дивју, командир на полицијата во Ватертаун, каде беше завршена потерата по Царнаев.

Во петокот беа уапсени три лица кои порано живееле заедно со браќата Царнаеви. Но, тие не се осомничени и немаат никаква врска со нападите во Бостон. По испитувањето, тие се пуштени на слобода.

Медиумите тврдат дека се множат укажувањата за исламистичка заднина на нападот кој двајцата браќа по потекло од Чеченија го извршија во Бостон. ФБИ признава дека постариот брат, Тамарлан Царнаев, кој беше убиен во престрелка со полицијата, уште во 2011 година бил во нивниот визир. Барањето да се провери младиот човек поради неговите радикално-исламистички погледи стигнало од странска влада, која ФБИ не ја именува. Медиумите јавуваат - укажувањето стигнало од Москва.

Мајката на осомничените бостонски атентатори во интервју за СиЕнЕн изјави дека нејзините синови не можеле воопшто да извршат вакво дело. Таа тврди дека ФБИ неколку години го следеле Тамерлан во чекор, но дека во нивната куќа никој не зборувал за тероризам. Постојат претпоставки, според медиумите, дека Тамарлан бил радикализиран за време на повеќемесечниот престој лани во Русија, по што влијаел и врз помалиот брат. Семесјтвото во 1990-те години избегало од Чеченија поради војната меѓу руските трупи и исламистичките борци за независност, по што по престој во централна Азија се населило во САД пред околу десет години. Џохар лани добил американско државјанство, а Тамерлан имал дозвола за престој.

Dschochar und Tamerlan Zarnajew Anschläge Boston Marathon Watertown

Браќата Тамарлан и Џохар Царнаев

Обвинение за тероризам

Американското правосудство, пренесуваат американските медиуми, подготвува подигнување обвинение за тероризам против 19-годишниот Џохар Царнаев. Освен тоа, сојузната државата Масачусетс може да го обвини и за убиството на полицаецот, кое двајцата браќа го извршија во времето додека беа во бегство. Медиумите очекуваат дека тоа може наскоро да се случи. Во Вашингтон неколкумина републикански конгресмени и сенатори ја повикаа владата на Обама да го суди Царнаев како „странски борец“ според законите на војната, без правата како што е назначувањето адвокат по службена должност. Обвинетите извршители на такви злосторства не се обични криминалци, кои се обидуваат да се извлечат со незаконска заработка, туку терористи, кои се обидуваат да повредат, осакатат и убијат невини Американци, се наведува во изјавата на сенаторите Џон Маккејн од Аризона, Линдзи Грем од Јужна Каролина и Кели Ејот од Њу Хемпшир и конгресменот Питер Кинг од Њујорк.

Anschläge Boston Marathon Watertown

Дали акцијата на безбедносните служби беше претерана?

Во меѓувреме започна и „политичката обработка“ на нападот и неговите последици. Покрај другото, се дискутира за тоа дали сцените кои во петокот ги гледавме од Бостон се новата реалност? Односно, дали целиот регион може да се стави во состојба на готовност, зашто повеќе стотици илјади луѓе беа повикани да не ги напуштаат домовите. Се слушаат и критики за претерана реакција на безбедносните служби.

„Не може да се запре животот на еден цел град зашто е во бегство опасен криминалец“, наведуваат критичарите, аргументирајќи дека тоа не би се случило ако е во прашање сериски убиец. Критичарите го истакнуваат и следниот аспект - САД не би требало толку да се плашат од терористите и да преземаат екстремни мерки.