Брашното ќе ги „обели“ трговските бариери меѓу Македонија и Србија | Економија | DW | 08.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Брашното ќе ги „обели“ трговските бариери меѓу Македонија и Србија

Министрите Николовски и Љајиќ вчера ги надминаа недоразбирањата околу проблемот со увозот на српското брашно во Македонија. Договорени се и мерки за целосно надминување на трговските пречки меѓу двете земји

Двајцата министри донесоа заедничко решение во интерес на двете држави, односно дека на пакувањата на увозното брашно од еден, два и пет килограми контролни маркички ќе се лепат во Србија, а на пакувањата од 25 и 50 килограми контролните маркички ќе се лепат во Македонија. Македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ се договориле да се формира комитет, составен од надлежните институции на двете држави, чија работа ќе биде во насока на надминување на сите отворени прашања поврзани со меѓусебната трговија.

Mazedonien Ljupco Nikolovski Kandidat der oppositionellen SDSM für die Wahlen (DW/P. Stojanovski)

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски

„Се договоривме да формираме комитет меѓу двете влади, кој ќе ги разгледа сите овие прашања. Комитетот ќе расправа и за оправданоста за постоење на ваквите маркички што биле воведени по барање на стопанските комори. Ние немаме никаков проблем да пристапиме и кон укинување на самите маркички“, изјави Николовски.

Љајиќ оцени дека двете земји донеле одлука во духот на Берлинскиот процес со кој треба да се создаде заедничка економска зона. 

Повеќе во видеото: 

Гледај видео 01:29
Now live
01:29 минути

Македонија и Србија постигнаа договор за брашното

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема