1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брачната двојка Обама го посети својот иден дом

Речиси една недела по историската победа на изборите во САД, идниот претседател на земјата Барак Обама со сопругата Мишел, беше во посета на семејството Буш во Белата Куќа.

default

Претседателот Џорџ Буш и наследникот Барак Обама

Срдечно и приватно. Вака може да се опише првата средба во Белата Куќа на актуелниот и идниот претседател на САД. Така барем беше соопштено за јавноста по двочасвниот престој на семејството Обама во нивниот иден дом.

Историска средба меѓу старото и новото

Двете брачни двојки пред влезот во Белата Куќа, која од 21 јануари ќе биде новиот дом на семејството Обама, направија групна фотографија. Мишел Обама за оваа пригода беше облечена во фустан во јака црвена боја. Џорџ Буш и неговиот наследник на овој историски ден носеа вратоврски во сина боја. Дека станува збор за историски ден, беа убедени и американските медиуми:

„Во Белата Куќа која е изградена од робови, се случи историска средба помеѓу старото и новото“, коментираше водителот во една телевизиска куќа.

Барак Обама претходно бил во посета на Белата Куќа, меѓутоа овој пат тој имаше можност за прв пат да влезе во неговиот иден работен кабинет, т.н овална соба. Двајцата политичари во неа околу еден час разговарале во четири очи. Според информации на луѓето блиски до двајцата политичари, се разговарало за економската ситуација и надворешната политика на земјата.

Средбата меѓу актуелната и идната „Прва дама на САД“ позанимлива за јавноста?

Од кругот на Обама се дознава дека Буш ја повторил најавата дека процесот на примопредавање на власта ќе се реализира без проблеми. Портпаролката на Буш, Дејна Перино за јавноста изјави дека средбата имала приватен карактер:

„Двајцата сега му припаѓаат на еден мал клуб. Никој од нас неможе да разбере, какво е чувството да се биде врховен командант на силите за безбедност и лидер на нашата величевствена држава“, изјави Перино.

Michelle Obama

Мишел Обама

Се чини за јавноста многу поинтересна беше средбата на двете дами, Лора Буш и Мишел Обама. Додека Џорџ и Барак во овалната соба разговарале во четири очи, актуелната прва дама на САД на својата наследничка и ја покажа внатрешноста на Белата Куќа. Двете дами прошетале низ приватниот дел на куќата, во која се наоѓаат 132 соби. Меѓу нив и детските соби во кои во наредните години ќе престојуваат двете ќерки на Обама, Малиа и Саша. По крајот на средбата во Белата Куќа, Џорџ и Лора Буш, со претседателскиот автомобил го испратија брачниот пар Обама до аеродромот, од каде тие се вратија во својот дом во Чикаго.


DW.COM