1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брахими предупредува од ескалација

Новиот специјален пратеник на ОН за Сирија, Лакдар Брахими, при посетата на Дамаск изрази загриженост поради проширувањето на конфликтот. По средбата со Башар ал-Асад тој е скептичен околу својата мисија.

Конфликтот во Сирија е закана за сирискиот народ, за регионот и за светот, предупреди денеска (15.09) новиот специјален пратеник на ОН и Арапската лига за Сирија, Лакдар Брахими. На импровизирана прес-конференција во хотел во Дамаск по средбата со сирискиот претседател Башар ал-Асад, Брахими предупреди, дека сириската криза се продлабочува.

„Сириските власти ветија дека ќе го помогнат моето присуство во Дамаск, за да ја вршам добро својата работа“, изјави Брахими. Тој додаде дека ќе продолжи да одржува контакти со државите кои имаат интереси и влијание во сириското прашање. Брахими денеска имаше прва средба со претседателот Асад. На сирискиот претседател му е јасна сериозноста на ситуацијата, изјави Брахими.

Сириската државна агенција Сана извести дека сириската влада поддржува иницијатива која ќе ги застапува интересите на сирискиот народ, но без странска интервенција. Брахими уште во четвртокот (13.09) имаше средба со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалим, а вчера и со опозиционери толерирани од сирискиот режим. Алжирецот стапи на функцијата на први септември, откако неговиот претходник Кофи Анан се откажа од неа, означувајќи ја за „невозможна“. Откако разговараше со двете страни, Брахими ќе го предложи својот план за решение на конфликтот кој трае веќе 18 месеци. Во секој случај, Брахими предупреди да не се очекува премногу од неговата мисија.