1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брахими на средба со Асад

Во рамките на напорите за постигнување примирје во Сирија специјалниот пратеник Лакдар Брахими денеска во Дамаск се сретна со претседателот Башар ел Асад. При напад во Дамаск загинаа најмалку десет лица.

Детали од разгворот меѓу специјалниот пратеник Лакдар Брахими и претседателот Башар ел Асад, државната сириска телевизија не објави. Брахими допатува во Дамаск со цел да издејствува прекин на огнот меѓу армијата и бунтовниците за време на исламскиот празник Курбан Бајрам, кој почнува идниот петок.

Режимот на претседателот Башар ел Асад досега реагираше воздржано на иницијативата на специјалниот пратеник за Сирија на ОН и на Арапската лига. По средбата на Лагдар Брахими со сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Миалем вчера во Дамаск темата прекин на огнот не беше наведена во официјалното соопштение на министерството.

Имено се вели дека двајцата политичари дискутирале за „објективни и разумни услови“, за „ да се сопре насилството од секоја страна“. Според информации на дописниците режимот очигледно бара, бунтовниците за време на прекинот на огнот да толерираат движење на армијата.

Damaskus Bombenanschlag Overlay 21.10.2012

Жртви при напад во Дамаск

Брахими се надева дека со прекин на огнот за време на Курбан Бајрам ќе може да постигне долгорочно примирје, кое ќе треба да се преточи во „политички процес“ за решавање на конфликтот.

Според податоци на ОН од почетокот на протестите против авторитарното владеење на Асад во март 2011 година, кои прераснаа во граѓанска војна убиени се поеќе од 30.000 луѓе.

Во стариот град на Дамаск денеска во бомбашки напад се убиени најмалку десет лица, информираат сириските сили за безбедност. Експлозијата се случила пред полициски пункт во христијанскиот дел на градот Баб Тума. Оваа населба се смета за приврзаник на Асад.