1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брахими бара промена на режимот во Сирија

Новиот меѓународен претставник за Сирија Лахдар Брахими на првиот ден на новата функција изјави дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да разбере дека потребата за промена е итна и неопходна.

Во интервју за телевизијата Ал Арабија, Брахими истакна дека сириската влада мора да одговори на легитимните барања на сирискиот народ.

„Потребата од промена е итна и неодложна. Сирискиот народ треба да биде задоволен и неговите легитимни барања да бидат исполнети, истакна поранешниот алжирски министер за надворешни работи. Тој нагласи дека како претставник за Сирија има целосна и јасна поддршка од Советот за безбедност на ОН.

Брахими повика на прекин на насилствата, но призна дека нема сет првични идеи за решавање на сирискиот конфликт. Тој истакна дека за него не постои варијантата за воена интервенција во Сирија.

Поранешниот министер за надворешни работи на Алжир, Брахими, функцијата меѓународен претставник на ОН за Сирија ја презеде од Кофи Анан. Анан поднесе оставка откако неговиот мировен план во шест точки не успеа да стави крај на насилствата во Сирија.

Од почетокот на бунтот против режимот на Асад во март 2011 година во насилствата животот го загубија над 25 илјади луѓе, покажуваат податоците на опозицискот сириски Центар за набљудување на човековите права.