1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Брахими бара преодна влада во Сирија

Меѓународниот специјален пратеник за Сирија Лакдар Брахими денеска (27.12) побара преодна влада во Дамаск. Таа би морала да има широки овластувања за да ја доведе земјата до нови избори, изјави Брахими.

На Сирија и‘ е неопходен „вистински“ пресврт, изјави во Дамаск специјалниот пратеник Лакдар Брахими. „Козметички“ корекции не се доволни, рече тој, притоа не изјаснувајќи се околу датум за парламентарни и претседателски избори. Преодниот перiод, според Брахими, не смее да доведе до „пропаст на државата и нејзините институции“.

Специјалниот пратеник за Сирија пристигна во земјата во неделата (23.12) и водеше разговори и со претседателот Башар ал-Асад и со опозиционите групи толерирани од државата. Според наводи на неименувани прeтставници на ОН, разговорите не донесле напредок.

Се очекува Брахими во сабота (29.12) да пристигне во Русија. Денеска сириска делегација под раководство на заменикот министер за надворешни работи Фајсал Мокдад имаше прием во руското министерството за надворешни работи. Разговорот е дел од активностите „со кои треба да се поттикне не само дијалогот со владата, туку и со сите опозициони сили“, изјави портпаролот на руското министерство, Александер Лукашевич. Тој ги демантираше извештаите во западните медиуми, според кои, Москва заедно со американската влада сака да се дојде до решение во Сирија кое ќе предвидува преодна влада и откажување на Асад од повторна кандидатура по истекот на актуелниот мандат во 2014 година.