1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Браун нема да распише предвремени избори во В.Британија

*

Британскиот премиер Гордон Браун ја исклучи можноста да распише предвремени избори во Велика Британија . Во земјата инаку вќе неколку недели наназад се шпекулираше за можноста Браун да распише предвремени избори со оглед дека предноста во анкетите на неговата Лабуристичка Партија во однос на опозициските Конзервативци се намалува . Меѓутоа премиерот во вчерашното интервју ја прекина неизвесноста:

“ Нема да повикам на избори и дозволете ми да ви објаснам зошто. Имам визија за промени во Велика Британија и сакам да му покажам на народот како владата може да го спроведе тоа” - истакна британскиот премиер чив мандат трае до 2010 година.