1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Браун наследник на Блер

По десет години како министер за финансии, Гордон Браун и официјално е избран од неговата партија за наследник на Тони Блер на чело на лабуристичката партија и иден британски премиер. Во телевизиското обраќање до јавноста, Браун изјави дека ќе биде премиер на сите граѓани, а неговиот стил ќе биде отворен за дијалог. Тоа важи и за надворешната политика, во што спаѓа и потрагата по решение за ирачката војна. Тој подвлече дека Лондон нема предвреме да ги повлече трупите од оваа земја.