1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Браун единствен кандидат за лидер на Лабуристите

Актуелниот министер за финансии во британската влада и кандидат за иден премиер Гордон Браун, е единствениот кандидат за наследник на Тони Блер на лидерската функција во Лабуристичката партија. На партиското гласање Браун доби поддршка од 313 гласови. Неговиот потенцијален против кандидат Џон Мекдонел се откажал, откако собрал само 29 потписи. Браун се очекува на 24 јуни да ја преземе лидерската функција на Лабуристите, а три дена подоцна и функцијата премиер на Велика Бритранија.