1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Браун го оправда повлекувањето на војниците од Басра

*

Британскиот премиер Гордон Браун го оправда повлекувањето на британските сили од центарот на ирачкиот град Басра и им се спротистави на проценките дека станува збор за пораз. Воениот контингент во секој момент ќе биде подготвен да интервенира, изјави Браун за БиБиСи: “Ние ќе ги исполниме нашите обврски кон ирачкиот народ. Ќе ги исполниме и обврските преземени пред ОН. Всушност станува збор за повлекување од борбена позиција во улога на набљудувачи, кои се подготвени повторно да интервенираат кога ќе затреба.“

Последната база на Британците во Басра веќе со месеци беше цел на напади со ракети и минофрлачи. Последните 550 војници вчера се повлекоа во базата во близина на аеродромот на Басра, оддалечена околу 25 км од центарот на градот.