1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Браун во Ирак

*

Британскиот премиер Гордон Браун при ненадејната посета во Ирак најави повлекување на 1000 во моментот 5.500 британски војници во земјата. Британскиот премиер изрази уверување дека до крајот на годинава британскиот контингент би можел да биде намален на 4.500 војници, и до Божиќ 1000 војници би можеле да и стојат на располагање на Велика Британија за други цели, рече Браун во Багдад. Ирачкиот премиер Нури Ал Малики по средбата со Браун истакна дека ирачките трупи во наредните два месеца ќе ја преземат од бртанската армија контролата во Басра. Британски воени експерти изразија сомневање дека ирачката армија не е способна да гарантира безбедност во провинцијата.