1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Браун, воздржан кон американската политика во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Гордон Браун на разговорите во Кемп Дејвид покажаа единство околу решавањето на клучните стратегиски прашања за двете земји

default

Џорџ Буш и Гордон Браун

Велика Британија и натаму останува најголем сојузник на САД во Европа. Истовремено на островот владее се поголема воздржаност кон американската политика во Ирак. На ваквата констелација мора да смета и Гордон Браун:

Американскиот претседател Џорџ Буш само на исклучителни гости им приредува возење со голф количка низ Кемп Дејвид. Тоа воедно е сигнал и на релаксираност во меѓусебните односи. За време на приемот на Гордон Браун беше воочливо дека нешто во односите е сменето, уште од денот кога премиерската палка од Тони Блер ја презеде воздржаниот Гордон Браун.

Буш и Блер ги поврзуваше пријателската одлучност на двајца мажи братски да се борат за остварување на американските цели во Ирак. Меѓутоа на Тони Блер на домашен терен тоа му носеше негативни поени, што јасно се гледаше на пример преку карикатуриет на кои тој беше претставен како пудлица на американскиот претседател.

И покрај јасно демонстрираната одлучност за сојузништво со Америка, воочливо е дека Браун ќе се однесува поинаку кон постариот брат. Тоа можеше да се забележи и по тоа што тој го одбра Берлин за негова прва официјална посета на странство, а не Вашингтон. Покрај тоа, Буш е претседател во заминување, така што Браун не е приморан со него да развива блиски контакти.

Неговиот наследник, или наследничка, веќе се на повидок. Во такви услови на Гордон Браун ќе му биде полесно да го смени курсот на политиката кон Ирак, отколку за време на едностраната и цврста политика на Буш. Британските медиуми веќе го притискаат Браун да им ја предаде на ирачаните контролата врз градот Басра, во кој за разлика од Багдад, владее речиси идиличен мир.

Држењето дистанца кон Буш и Америка во моментов би можела само да му ја зголеми популарноста на Браун во Велика Британија. За разлика од Буш, на британскиот премиер допрва му претстои изборно крштевање. Мнозинството британци сеуште ги сметаат САД за најблиски сојузници во светот, но и покрај тоа, Буш е најнепопуларниот странски политичар во ВеликаБританија.

Нови иритации на британска страна, предизвика американската најава, дека на своите сојузници на Блискиот исток ќе им испорача ново оружје. Тому на ова поле Гордон Браун би можел да ја продолжи мировната политика на својот претходник, Тони Блер. Натамошното вооружување на регионот кој и онака е преполн со оружје би биле контрапродуктивни за мировните намери.

Така погледнато, својот однос кон САД Браун најверојатно ќе го објави, нака како што им е својствено на британците: прагматично и со доза на ладна аргументација. Блиското пријателство од типот Буш-Блер очигледно не му лежи на новиот британски премиер. Тоа не треба да значи и прекин на британско американските односи, од тоа може да произлезе нова шанса за Европа

Daniel Scheschkewitz