1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бран бомбашки напади во Ирак, над 35 мртви

Најмалку 35 луѓе денеска ги загубија животите, главно од автомобили-бомби чии мети беа шиитите во централните и јужните градови во државата, потврдија официјални претставници на Ирак.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападите кои се случија во трговски зони и паркинзи во седум ирачки градови, но агенциите укажуваат дека толку систематски бранови на бомбашки напади во Ирак може да спроведе само Исламската држава Ирак, која е локален огранок на Ал Каеда.

Најмногу жртви имало во градот Хилах, на 95 километри јужно од Багдад, каде експлозијата на автомобил-бомба во близина на пазарот ги однесла животите на 9 цивили, а биле ранети уште 15. Неколку минути подоцна во близината бил детониран уште еден автомобил, по што животот го загубиле уште шест лица.

Во соседниот град Искандарија, на 50 километри јужно од Багдад, во слична експлозија загинале уште четири лица. Слична трагедија се одвивала и во градот Карбала, каде загинале четири лица, а 25 биле повредени.