1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бранот протести не стивнува

Денеска се јавува за демонстрации против данските карикатури во Авганистан, Пакистан Индонезија и Филипините. Властите во проблематичната руска република чеченија , пак најавија дека во иднина нема да примаат на своја територија дански хуманитарни групи.

Од протестите во Авганистан

Од протестите во Авганистан

„Ние нема повеќе да ги пуштаме на наша територија затоа што тие си играат со чуствата на 1, 5 милијарди луѓе “ – најави вицепремиерот на Чеченија Рамзан Кадиров . Тој истакна дека Данска ќе биде сметана за провокатор.

Денеска втор ден по ред протести поради проблематичните карикатури овбјавени во еден дански локален весник во септември минатата година се случуваат и во Авганистан . Повеќе лица се повредени во овие протести . Демонстрантите во градот Мајмана ја нападнаа базата во која се сместени војници од Норвешка кои служат во рамките на мировната мисија на НАТО во Авганистан , ИСАФ.

Радикалното исламско движење на Талибанците во Авганистан во меѓувреме пак ги повика Муслиманите на планетава на света војна против виновниците за објавувањето на карикатурите со пророкот Мухамед.

Во соседен Пакистан пак се случија досега најголемите демонстрации од почетокот на тензиите околу спорните карикатури .

Преку 5000 луѓе протестираа на улиците на градот Пешавар , палејќи притоа кукли кои ги преставуваа данскиот премиер и еден од карикатуристите кои ги изготвил контроверзните цртежи.

Стотици лица денеска протестираа и пред претставништвото на ЕУ во индонезиската процинција Аче.

Демонстрираа и Муслиманите на Филипините . Неколку стотици припадници на исламската религија во оваа земја со доминантно католичко население , го запалија Државното знаме на Данска.

Премиерот на Малезија , Абдул Ахмад бадави кој во моментов претседава со Организацијата на Исламската Конференција ги осуди денеска европските весници кои ги објавија карикатурите .