1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Бранд и Шмит: канцелари на спротивности

Денеска (23.12) поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит го слави 95. роденден, Пред некој ден се навршија пак сто години од раѓањето на легендарниот канцелар Вили Брант.

Мора ли добар политичар да поседува страст кон работата? Не мора, изјави неодамна Хелмут Шмит во едно телевизиско интервју. „На човек му треба волја и- цигари“. Шмит е она што во Германија го нарекуваат Kettenraucher (пали цигара за цигара) и опкружен со чадот од цигари ги помина своите два канцеларски мандати од 1974. до 1982. година. Тој навистина не тежнееше да се прикаже како страствен и харизматичен политичае, но беше а и до денес е многу почитубан. Тотална спротивност во однос на Вили Брант кого поради учеството во Шпанската граѓанска војна и земањето на норвешко државјанство го оцрнуваа како „егзилант“ или „Комунистички другар“ . Сепак, Брант за разлика од Шмит граѓаните го сакаа. Дури и пред да стане канцелар во 1969. година тој беше сметан за „германскиот Кенеди“- млад, паметен, обожуван.

Брант од своето прво излегување на јавната сцена се прифилира токму со својата харизма, раскажува историчарот Норберт Зајц. „Но дури и неговите аминувања од функциите канцелар или во 1987 година претседател на Социјалдемократската партија беа спектакуларно емотивни“, вели Зајц за Дојче Веле.

Кога опозицијата во 1972. година со гласање за доверба имаше намера да го собори Брант од власт, илјадници демонстранти излегоа на улиците, многу работници стапија во штрајк. Милиони бараа нивниот Вили да остане канцелар. „Хелмут Шмит уживаше поинаква поддршка“, раскажува Зајц. „Имаше почитување, пред ѐ поради решителноста и храбороста во кризни ситуации“.

Емигрант и војник на Вермахтот

Двајцата најзначајни социјалдемократи во повоена Германија беа чиста спротивност, но нивните односи беа комплицирани- конкурентски често и непријателски. Ставовите на „ладниот како шприцер“ Шмит и саканиот но понекогаш нерешителен Брант се судираа. Шмит го критикуваше постариот колега, честопати и отворено, но новинарот Гунтер Хофман тврди дека помладиот политичар секогаш чезнеел за признание од страна на постариот. Тоа се гледа во писмата кои двајцата ги разменувале со децении, вели Хофман кој напиша книга за двајцата канцелари: „Брант до крајот на животот не му укажува отворено признание. Можеби Шмит едноставно му бил премногу туѓ“.

Политичарите ги дели само пет години старосна разлика, но како да ги делат цели светови. Брант од самиот почеток бил опоаиција на Хитлер, од нацистите пребегал во Норвешка каде ја продолжил револуционерната работа. Шмит наспроти тоа во Втората светска војна бил војник на Вермахтот, дури и офицер на Источниот фронт. Бил „прилагоден“ за што подоцна се каеше. „ Шмит страдаше поради тоа што во поглед на режимот на Хитлер не бил толку далековид како Брант“, вели Хофман.

Гето и отвореност

Бранд и Шмит во политиката ги придвижуваа различни горива. Кај Брант тоа беше изградбата на Берлинскиот ѕид во 1961. година во време кога беше градоначалник на Берлин. Кај него не стануваше збор за реакција, дејствување туку за изнаоѓање на вистинските зборови. И Брант ги пронајде- „Нова политика кон истокот“, гласеше мотото на неговиот период на чело на Германија а значеше приближување кон Германската Демократска Република и другите земји од тогашниот Варшавски пакт, средба со советскиот лидер Леонид Брежњец и пред сѐ падот на колена во варшавското гето , местото на страшни германски злосторства. До денес не се знае дали Брант го направи тоа спонтано. „Сакаме акко народ да бидеме добар сосед“, рееч Брант во канцеларската изјава во 1969. година. Негово второ мото беше „повеќе демократија“- бараше поотворено, послободно општество.

Дејвувач и менаџер

Шмит од другастрана мораше од самиот почеток да биде кризен менаџер. Уште во 1962. година кога беше сенатор за внатрешни работи во Хамбург за време на големите поплави во овој пристанишен град тој покажа врвни способности: ги искористи добрите контакти во Бундесверот и во НАТО и издејствува итна помош од војската, што германскиот Устав всушност го забрануваше. Од него се бараше решителност и кога стана канцелар. Реформската еуфорија од времето на Брант брз замре. Во 1973. година цените на нафтата подивееја предизвикувајќи светска криза: пред Шмит беше куп проблеми откако Вили Брант во 1974. година се повлече откако во неговиот канцеларски кабинет беше откриен источногермански шпион.

И веднаш потоа , кога Германија во 1977. година ја потресуваа терористичките акции на Фракцијата на Црвената Армија (РАФ) кои кулминираа со киднапирање на авион, се бараше менаџерската вештина на Шмит. „СР Германија се бараше сама себеси а РАФ беше најекстремниот израз на немирите и несредените односи“, ги опишува доцните 70-ти години од минатиот век новинарот Хофман. Новите граѓански иницијативи и растечкото мировно и еколошко движење кое Брант со своите антени на време го регистрира и делумно го поддржа, останаа сосем далечни за Хелмут Шмит. На крајот на евојата ера на чело на владата Шмит остана осамен во својата партија кога не сакаше да им дозволи на Американците да разместат ракети на германска територија.

Авторот на книгата за двајцата канцелари Хофман смета дека без оглед на сите историски факти погледите на Шмит и Брант се сепак клишеа кои уредно се одржуваат од страна на медиумите до денешен ден.