1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Брамерц ќе ја замени Дел Понте

*

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун го предложи белгискиот јавен обвинител Серж Брамерц за нов главен обвинител на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија. Досегашната главна обвинителка Карла дел Понте најави дека ќе се повлече до крајот на оваа година. Брамерц во моментов сеуште раководи со истрагата за убиството на поранешниот либански премиер Рафик Харири. Оваа задача според ОН треба да ја преземе Канаѓанецот Даниел Белемар.