1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бразил - уривање на митот за Лула

Масовните протести во Бразил се пред се‘ тежок удар за владејачката Работничка партија - ПТ. Но, критиките не се упатени само на адреса на актуелната претседателка Дилма Русеф.

Масовните протести против корупцијата и скапата организација на Светското првенство во фудбал добиваат размери на политичка криза. Претседателката Дилма Русеф кон крајот на неделата свика вонредна владина седница. По јуришот на демонстрантите кон зградата на Министерството за надворешни работи во главниот град, бразилската влада се плаши од ескалација на насилство за време на одржувањето на Купот на конфедерациите.

„Дилма во моментов преживува политички пекол“, вели Адријано Диого, пратеник на Работничката партија во покраинскиот парламент на Сао Паоло. Не е случајно, објаснува тој, што претседателката беше исвиркана на отворањето на Купот на конфедерациите на новиот стадион во Бразилија. Според Диого, бројни политички сили сакаат да го спречат нејзиниот реизбор на функцијата во 2014 година.

Бразилската Работничка партија е на власт веќе 10 години. Од изборот на некогашниот синдикален лидер Луиз Игнасио Лула да Силва на 1. јануари 2003 година, Бразил доживеа вртоглави промени: милиони сиромашни Бразилци, благодарение на социјалните програми се искачија на социјалните скалила и станаа дел од средната класа. Нивната нова куповна моќ и побарувачката на бразилските производи на светскиот пазар донесоа економски процут на државата кој трае веќе неколку години. Но еуфоријата во меѓувреме спласна, а митот за бразилскиот „семоќен“ татко Лула почна да се урива. Неговото политичко наследство на Дилма Русеф и‘ станува голем товар.

Политичка корупција

Luiz Inacio Lula da Silva Brasilien

Лула да Силва

Кога во 2007. Лула го оствари сонот на многумина добивајќи ја организацијата на Светското првенство во фудбал, земјата остваруваше годишна стапка на раст од 5 проценти. Во меѓувреме, прогнозите за 2013. година се сведени на околу 2 отсто, а цените на станарините и храната „отидоа до небо“. Владата реагираше со субвенционирани цени на бензините и намалување на даноците со цел да ја поттикне домашната индустрија.

Но граѓаните не беа одушевени: веќе на локалните избори во октомври минатата година Работничката партија, и покрај ангажманот на Лула во кампањата, го загуби мнозинството во поголемите градови. Една од причините за поразот беше и пресудата која бразилскиот Сојузен суд им ја изрече на 38 пратеници на Работничката партија во август 2012. Тие во текот на владеењето на Лула купувале гласови за во парламентот да бидат прифатени нивните планови.

„Бесот на демонстрантите кон корумпираните политичари и нивната критика на организацијата на Светското првенство е наменета за Владата“, вели блогерот Мервал Переира кој пишува за весникот „О Глобо“. Демонстрантите во владата гледаат виновник за недостатокот на потребните инвестиции во здравството, регионалниот превоз и образовниот систем, токму поради високите трошоци за првенството.

Фрустрирани граѓани

Давид Данило Бартелт, шеф на канцеларијата на фондацијата „Хајнрих Бел“ во Рио Де Жанеиро, смета дека протестите се израз на растечките фрустрации и потребата за реформи. „На планот на основното образование и здравството сторено е скандалозно малку за една социјалдемократска влада“, вели Бартелт.

Dilma Rousseff

Дилма Русеф

И во владејачката партија се‘ почесто се слушаат самокритички тонови.

„Се излажавме кога мислевме дека материјалното подобрување на стандардот е доволно за дијалог со младите“, вели Едино Силва, претседател на Работничката партија во Сао Паоло. Тоа дефинитивно не е случај, заклучува тој, додавајќи дека сите промени низ кои мина Бразил бараат и нова политичка агенда.

Познатиот австриски католички бискуп Ервин Кројтлер, кој од 1980 година на подрачјето на Амазон се бори за правата на домородното население, во Работничката партија повеќе не гледа сојузник.

„Целосно сум разочаран од владата“, вели тој. Лула и Дилма говорат за напредок и развој, но во градовите по течението на Амазон, на подрачјето на школството, здравството и јавната безбедност ништо не се смени. Затоа, неговата препорака е да се демистифицира ликот и делото на поранешниот претседател Лула да Силва.