1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бразил очекува милијарди долари од туристите за СП

Туристите за време на Светското првенство во фудбал во 2014 година во Бразил ќе потрошат околу 11,4 милијарди долари, според студијата спроведена од бразилскиот институт за туризам Ембратур.

Бразилските туристи ќе потрошат околу 72 отсто од наведениот износ или 8,3 милијарди долари, а остатокот од 3,1 милијарди долари се предвидува да го потрошат странците. Претседателот на Ембратур Флавио Дино истакна дека е пресметано исклучиво колку ќе потрошат туристите во Бразил, а дека не е наведено колку ќе заработи туристичкиот сектор за време на Мундијалот.

Се очекува околу 600.000 странски туристи да допатуваат во Бразил, што е 30 пати повеќе отколку за Купот на конфедерациите што се одржа во јуни годинава. Од 12 јуни до 13 јули 2014 година се очекуваат три милиони туристи во 12 градови во кои ќе се одржува Мундијалот.