1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Бразил е пазар со потенцијал

Од 30 август до 1 септември, во бразилскиот град Виториа, повеќе од илјада политичари и стопанственици ќе разговараат како да се подобрат економските односи меѓу Бразил и Германија. Каква е актуелната состојба?

default

Бразил е осми најголем трговски партнер на Германија надвор од ЕУ, и најважен во Латинска Америка, на значително растојание од Мексико. Во последните десет години, волуменот на билатералната трговска размена се удвои од 8,4 на 18 милијарди евра.

„Во последните пет години на обете страни имаше силен

Karte Brasilien

Бразил не толку заначен за Германија како Русија и Кина

пораст на извозот, како и на увозот. Но, во првата половина од годинава, поради светската економска криза, имаме пад од 20 до 25 проценти“, вели Инго Плегер од Германско-бразилската надворешно-трговска комора во Сао Паоло.

Пазар со иднина

Бразил не е толку економски значаен за Германија, колку Русија и Кина, но е пазар со иднина, смета Петер Реслер, од хамбуршкото Здружение за Латинска Америка на германски претпријатија: „Гледаме дека Бразил се’ повеќе е на пат од земја во подем кон вистинска индустриска земја. Германија најголема размена на стоки има со индустриските, а не со земјите во развој. Сметам дека колку повеќе Бразил станува индустриска земја, толку повеќе ќе расте размената на стоки“.

Германија купува пред се‘ железна руда, кафе и соја

Kaffeeernte in Guatemala

Кафето е една од работите што Германија ги увезува од Бразил

Од бразилски агол, Германија е петти најголем увозник на бразилски стоки и четврти најважен извозник во Бразил. Германците во Бразил купуваат пред се’ железна руда, кафе и соја, а извезуваат машини, хемиски и електротехнички производи.

Петер Реслер гледа можност за пласман на германски продукти од областа на енергетиката и еколошката техника во Бразил, и обратно - за бразилски производи има уште неискористени можности на германскиот пазар. Тој го наведува примерот дека неодамна воздухопловната компанија „Луфтханза“ ги купи првите авиони „Ембраер“ од бразилско производство.

Автор: Александр Шлосер / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска