1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бразил во финалето, Германците горди на постигнатото

Во првото полуфинале во Купот на фудбалските конфедерации , Бразил ја совлада Германија со 3:2

Адријано: јунак на мечот со два постигнати голови

Адријано: јунак на мечот со два постигнати голови

И покрај извонредната игра фудбалската репрезентација на Германија загуби од Бразил во полуфиналето на Купот на Конфедерациите . 11- минатагермански репрезентативци предводени од селекторот Јирген Клинсман пред преполнетиот Франкен стадион во Минхен одиграа еден стратствен меч со петкратниот светски шампион . Но неколкуте тактички грешки и заморот кај младите германски репрезентативци им отвори можност на големите индивидуалци кај караоките да му донесат важна победа на својот тим.

Публиката на стадионот но и насекаде во Германија до последниот момент ги бодреше своите миленици , кои пак по натпреварот велеа дека се горди на прикажаното во мечот со големиот Бразил една година пред Светското Првенство кое ќе се одржи тука во германија.

Одбрамбениот играч Пер Мертезакер по натпреварот изјави :

"Мислам дека можеме да бидеме горди на она што го постигнавме . Човек можеше да види дека фановите беа многу задоволни и френетично не подржуваа се до крајот на средбата. "

И селекторот Јирген Клинсман изрази благодарност за подршката на љубителите на фудбалот во Нирнберг, додавајќи :

„Секако дека е штета .Нормално дека многу посакувавме да победиме во натпреварот.Со задоволство ќе игравме во финалето“- рече Клинсман притоа порачувајќи:

„Големите фудбалски нации пополека дознаваат дека ние доаѓаме . Сеуше меѓутоа не сме онаму каде што посакуваме . Но многу сме горди на овој тим , на она што го постигна во последниве недели.“

Германија во среда ќе игра за третото место со поразениот од денешниот полуфинален дуел меѓу Аргентина и Мексико .

Бразил истотака во среда во финалето ќе го чека победникот од денешниот дуел.