1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бразилските власти со тенкови против криминалците

Властите во Рио де Жанеиро синоќа на улиците извадија тенкови за да се пресметаат со припадниците на организираниот криминал. Во вчерашните операции убиени се седум членови на организирани банди.

default

Тенкови на улиците на Рио де Жанеиро

Бразилското Министерство за одбрана испрати 800 војници во Рио де Женеиро за да и помогнат на полицијата, која спроведува операција за борба против организираниот криминал во фавелите. Освен армиски единици, вооружените сили ќе испратат и два хеликоптери, десет оклопни возила и друга опрема.

Бразилската воена полиција вчера распореди тенкови во фавела во северниот дел на Рио де Женеиро поради судирите меѓу дилерите на дрога и полицијата, кои траат веќе пет дена.

Оклопни возила, вооружени со тешки митралези, се користат за првпат од создавањето во 2007 година на миротворните полициски сили, чија задача е да го обноват редот во квартовите кои се под контрола на трговците со дрога. „Успеаваме да им ја одземеме на криминалците територијата, која тие во период од десет години ја сметаа за свое сигурно засолниште“, изјави министерот за јавна безбедност Жозе Белтрами.

Brasilien / Rio / Drogen

Бразилската полиција во борба со претставниците на организираниот криминал

Акцијата против организираниот криминал која е во тек е без преседан според нејзиниот обем и степенот на заедничкото дејствување на локалните и федералните власти. Кризата почна откако криминалците почнаа да ограбуваат возачи на главните патни правци, отвараа оган кон полициски станици и палеа автомобили. Опожарени беа 70 превозни средства, меѓу кои и над 30 автобуси.

Според официјалони податоци во престрелките загинаа најмалку 25 лица, а десетици се повредени.

Престрелките се одразија и врз животот на граѓаните на Рио де Женеиро, кои се обидуваат да ги избегнат опасните региони во северниот дел на градот. Во таа област практично се затворени сите училишта, а властите им дадоа привремени живеалишта на лицата, кои стравуваат да се вратат во своите домови. Станува збор за територија на која живеат околу 400 илјади лица.

Автор:БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска