1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бразилскиот Фолксваген се пензионира

Фолксваген Т2 познат и под името Були, е возило за сите намени. Во Бразил се произведува од 1957 година. До денес произведени се 1,6 милиони возила, но од 1. јануари следната година на Були му доаѓа крајот.

„Жезус ме жеме“, или „Исус ме повикува“ е прекарот кој многумина Бразилци му го даваат на својот Фолксваген Були. Бидејќи доколку се случи несреќа, автомобилот нема никаков систем на заштита. На неговото производство и натаму се штеди, како и на почетокот на производството во Бразил пред 56 години. Фолксваген Т2, познат како Були, може да се употребува за сите намени. Многу мали претприемачи во Бразил го користат возилото, затоа што нема поедноставен начин за транспорт.

И Алишон Перајра заработува за живот благодарение на својот Були. Тој организира детски забави. Но, и со задоволство и самиот си игра со ова моделче. „Со комбето работам од мојата 18 година, тоа едноставно стана дел од мојот живот. Уште откако се родив мојот татко имаше комбе и практично израснав во него, гледајќи го татко ми како работи. Ова не е само средство за транспорт, ова е и начин на живот“ вели Парејра.

Пазарот во Сао Паоло. Продавачот Марио Сантош Силва, како и неговите соседи, тука доаѓа со своето Були. „Го купив комбето во 1974 и оттогаш е со мене. Ова малку што го поседувам е благодарение на него. Јас сум целосно против запирањето на неговото производство“.

Од 1957 година Фолксваген го произведува Були во Бразил. Досега се произведени околу 1,6 милиони возила. Но од 1. јануари 2014 производството престанува. Бразилците во иднина нема да мораат да го повикуваат Господ напомош заради безбедност во автомобилот. Новиот автомобил ќе има ербег и добри кочници, но според Фолксваген таквите додатоци во Були не би биле исплатливи.