1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Брадата е повторно во мода

Се' повеќе мажи во Германија носат брада и се задоволни од својата одлука. Без разлика дали е несекојдневна или сосема класична, со брада тие се целосно во тренд.

Таа некогаш само се надѕира, а некогаш е во полна верзија. И во Холивуд носењето брада е ин: Џорџ Клуни ја носи сива, а Бен Афлек со неа дури освои и Оскар. Одново откриен тренд и во Германија. Се' повеќе мажи носат брада и се задоволни од својата одлука:
„Мислам дека едноставно изгледа помажествено, не знам дали е модерено, но мене лично повеќе ми се допаѓа“.
„Јас мислам дека е добро, кул.“
„Да веќе забележав дека релативно многу мажи во моментов носат брада. Да, би кажал дека е тренд.“

George Clooney mit Bart Barttransplantation Vollbart Schnurrbart

Џорџ Клуни


Без разлика каква форма има, брада треба да се одржува. Како на Мемо Акбаш (насловна фотографија), фризер и бербер во Фрајбург. Тој и‘ дава на брадата вистинска форма и тој самиот веќе пет месеци и' е верен на брадата.
„Некои ја сметаат за добра. Некои велат, те прави постар. Некои велат, добро изгледаш, некои дека изгледам религиозно. И така некако пополека ми се допаѓа.“, вели Мемо Акбаш.
Веќе три години берберот стилизира брада по стара школа: прецизна работа со остар жилет.
Помина времето на мазно избричени лица: бради колку сакаш. Но како им се допаѓаат брадите на жените?
„Не толку, можеби малку ама голема брада не ми се допаѓа.
„Премногу влакна на лице. Никако! Тоа е некако многу еколошки “, вели една минувачка во Фрајбург.
„Брадата мора на се' да одговара. Така мене тоа би ми се допаднало ... “, дополнува една нејзина сограѓанка. За трета минувачка пак најважно е:
„Лицето зад неа да е симпатично.“

Oscars 2013 Oscarverleihung Argo Bester Film Ben Affleck

Бен Афлек


Брадата на еден Германец беше дури и прогласена за најубава брада во светот. Елмар Вајсер со моќниот примерок во 2012 година стана светски првак. Од 1998 година, тој ја остава брадата да расте. Од ова настана своевидно уметничко дело. 49-годишникот е среќен што брадата се враќа во мода и кај помладите мажи.
„Да. Сега навистина имам чувство дека се' повеќе млади луѓе се навикнуваат на брада: мали шпицести бради, навистина има вицкасти нешта. Мислам дека изгледа одлично .“, вели Елмар
Без разлика дали е несекојдневна или сосема класична, со брада мажите се целосно во тренд.