1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бојкотот почнува?

Со почетокот на второто полугодие од учебната година, предвидено е да се реализира одлуката на Владата за изучување на македонскиот јазик од првото одделение за учениците од другите етнички заедници. Но најавен е бојкот.

default

Иљаз Халими, началникот на Комитетот за јавни дејности на тетовската локална самоуправа

Во Македонија денеска (20.01.10) почнува второто полугодие од учебната година, ден предвиден и за почеток на изучувањето на македонски јазик од прво одделение за учениците од другите етнички заедници во земјата. Реакциите на ваквата одлука кај политичарите Албанци, градоначалниците и директорите на училиштата, навестуваат дека е можно училниците на првачињата Албанчиња да останат празни.

Mazedonien Land und Leute Schüler in einer Grundschule

На средба на директорите на 12-те основни училишта во општина Тетово со началникот на Комитетот за јавни дејности на тетовската локална самоуправа, Иљаз Халими, се разговараше за одлуката што едногласно ја донесле Советите на родители дека учениците Албанци, денеска и во иднина, нема да одат на предвидените часови по македонски јазик. Халими во изјава за Дојче веле објаснува: „Сите директори на основните училишта во општина Тетово го претставија уште еднаш ставот на училишните Совети на родители, кои не се согласуваат со одлуката на Владата нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик од прво одделение. Според нив, македонскиот јазик треба да се учи како што е предвидено сега, согласно со законот – од четврто одделение, бидејќи учениците не можат на таа возраст да ги усвојат сите содржини при предавањата за македонскиот јазик“.

Халими дополнува: „Во општина Тетово, значи без другите општини од тетовскиот регион, имаме вкупно 12 основни училишта со 880 првачиња – Албанчиња. Ставот на нивните родители е дека тие сигурно нема да ги пуштат на часовите предвидени за македонскиот јазик“.

Според сознанијата од теренот на министерот за образование и наука Никола Тодоров, бојкотот не бил масовен и не се радикализирал. Тој меѓутоа не прецизираше што ќе преземе за да биде спроведена одлуката на Министерството за образование и наука за часови по македонски јазик во прво одделение.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Александра Трајковска