1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бојкотот не е решение

По повеќенеделните преговори околу предлогот на завршната декларација на Конференцијата на ОН против расизмот, која започна во Женева, веќе е јасно што претстои - нејасен исход. Но, бојкотот не е алтернатива!

default

Членките на ОН пет дена ќе се советуваат за човековите права и мерките против расизмот. Но, уште пред почетокот, со недели е јасно дека на агендата се наметнаа други теми: политиката на Израел и последиците на спорот со карикатурите на Мохамед.

Се согласуваме: на конференцијата во Дурбан во 2001 година се случи првобитниот грев. Не беше во ред еден регионален конфликт да биде издвоен од мноштвото во светот и да се осуди како расистичка само политиката на Израел кон Палестинците.

Да признаеме: Тешко е да се поднесе од говорницата на Конференцијата во Женева да се слуша иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, познат по неговите антисемитистички и на омраза поттикнувачки тиради.

Се согласуваме: јасен напад врз системот на човековите права на ОН е кога земји како Иран, Либија, Пакистан и Сирија сакаат да ја ограничат слободата на печатот заради наводна одбрана на слободата на религијата, во овој случај на слободата на исламот.

Несоодветно решение

Сепак, бојкотот на Конференцијата протиз расизам не е алтернатива. Спротивставувањето во однос на тврдолинијашите, на отворена сцена не е едноставно. Но, да не се направи макар и обид е знак за крајно препуштање на теренот на лицемерите. А, тоа се токму државите кои ги погазуваат човековите права во

Rassismus Konferenz in Genf

сопствените земји. Конференцијата во Дурбан во 2001 година во многу делови беше пробив во однос на светскиот феномен на расизмот. Отфрлањето на сите видови расистички идеологии, прогласувањето на ропството и колонијализмот за незаконски, одбраната на правата на домородните народи и обврската кон национален антидискриминитаорски концепт се пресудни за натамошен развој на човековите права. Токму Германија, која е една од малкуте земји која можеше да приложи национален акционен план, досега уживаше почит и имаше политичка тежина во дебатите на ОН за човековите права. Дијалог со претставниците на државите кои следат други интереси, па макар и со минимални шанси, би бил подобар од никаков дијалог.

Пропуштена можност?

Останува надежта дека Германија, како што е најавено, подоцна повторно ќе се вклучи во процесот на дискусијата. И САД, со новата влада, за првпат водена од претседател со друга боја на кожата, можеа со своето учество да и‘ дадат сила и веродостојност на борбата против расизмот. Со откажувањето на учеството САД, исто како Канада, Австралија и Израел, но и Италија и Холандија, ја ослабеа не само позицијата на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, туку и позицијата на системот за човекови права на ОН.


Коментар: Улрике Маст Киршнинг/ Превод: Жана Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска



DW.COM