1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бојкотот најизвесна опција

Меѓународни претставници, според дипломатски извори, проценуваат дали е можно мало одложување на локалните избори за да се добие време за дијалог, но опозицијата веќе не верува дека е можен каков било договор со власта

Бојкотот на локалните избори е извесен, а власта ќе ја носи одговорноста за тешките последици што ќе произлезат од тоа, тврдат од опозициската СДСМ. Дипломатски извори велат дека брзо се топат надежите на меѓународните претставници дека „предлогот што бил ставен на маса“, може да ги омекне ставовите на двете најголеми партии: ВМРО-ДПМНЕ да се согласи за предвремени парламентарни избори во втората половина од годината, а СДСМ да отстапи од барањето тие и локалните избори да се спроведат во пакет во март.

„Имаше можност за прифатливо решение, но според некои изјави деновиве, ситуацијата е повторно вратена на почеток. Тоа го отежнува медијаторството, бидејќи е компромитирана и идејата за надминување на кризата и довербата, велат дипломатски извори. 

Има или нема договор?

Премиерот Груевски, промоцијата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, ја искористи за да ги демантира „гласините од луѓе блиски до Црвенковски“, дека ќе има предвремени избори во втората половина од

Treffen Premierminister Nikola Gruevski und Branko Crvenkovski SDSM Mazedonien

Дијалогот власт-опозиција во ќорсокак

годината: „Си велам, не е до тоа дереџе да дошол Бранко, до толку да се заплетка во мрежата која сам си ја сплете, па сега бара излез за да ги охрабри членовите од СДСМ, дека наводно успеала неговата тактика и дека тој не натерал да има предвремени парламентарни изјави“.

Во СДСМ оценуваат дека со оваа изјава Груевски децидно потврдил дека договор за парламентарни избори ќе нема, со што се исцрпуваат можностите за дијалог. Но, со неа Груевски го демантира и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое во реакцијата до генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, во меѓуредови, сугерира дека се подготвува некакво решение.

„Изјавата на Андреј Петров дека во опозицијата  се покомпактни од кога било и дека ќе одат до крај со бојкотот, не му ја земаме за зло, бидејќи тој не е во тек со постапките кои СДСМ веќе ги презема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Петров ваквите изјави ги оценува како илустрација за лажна конструктивност и за недостиг од волја кај власта за решавање на кризата. 

„Тие многу добро знаат дали и колку сум информиран. Власта ја потценува тежината на политичката криза и со тоа бојкотот станува извесен. Предлогот на Иванов за експертска Комисија е во духот на изреката на Черчил – „ако сакаш да забошотиш нешто, формирај Комисија“. Ако нема договор за предвремени парламентарни избори, ќе ги бојкотираме локалните. Тоа е одлука на Централниот Одбор. А ако локалните избори се спроведат без опозицијата, ќе ги вратиме пратеничките мандати во парламентот од кој бевме исфрлени“, категоричен е Петров.

Помирени со бојкотот

Зоран Заев, актуелен градоначалник и фаворит за нов мандат во Струмица, вели дека по последните изјави на Груевски нема враќање назад, бидејќи тој ја омаловажува опозицијата и директно ја турка кон бојкот на изборите.

„Анкетите за Струмица покажуваат 70 отсто рејтинг за опозицијата, 20 отсто за власта и 10 отсто неопределени. Жал ми е што нема да учествувам, но свесен сум дека нема среќа во една општина, ако има несреќа во целата држава. Јас не сум само градоначалник. Јас сум член на раководството на СДСМ и ќе

Sozialdemokraten, Kongress in Mazedonien

Зоран Заев (во средина)

продолжам политички да се борам за враќање на слободата и демократијата во земјава. Во вакви околности, градоначалничката функција е од секундарно значење“, вели Заев.

И неговиот сопартиец Стевчо Јакимовски, е помирен со фактот дека се откажува од извесна победа во скопската општина Карпош.

„Непријатно е чувството кога имаш поддршка, а не сакаш да ја добиеш. Но, гордоста во мене и чувството каде оди државата ме тера да издржам до крај, да направам помала жртва, во име на поголеми приоритети“, потенцира Јакимовски.    

Најавениот опозициски пакет во кој се крчка бојкот на локалните избори, отсуство на бланко поддршка за решение на спорот за името и како последен чин- враќање на пратеничките мандати, најавува нова, уште потешка фаза за Македонија, велат дипломатски извори. Според нив, меѓународните посредници прават проценки дали е потребно и можно мало одложување на локалните избори, за да се добие време за нова рунда меѓупартиски дијалог. Но, во опозицијата веќе немаат илузии дека е можен каков било дијалог со власта.