„Бош“ се грижи за своите вработени сениори | Панорама | DW | 23.06.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Бош“ се грижи за своите вработени сениори

Германија се соочува со намален наталитет. Последиците од стареењето на работната сила ги чувствува и индустријата. „Бош“ е првиот германски концерн кој развива посебни концепти за вработените над 50 години.

Мало опуштање на работното место. Двапати дневно по пет минути гимнастика. Да се заборави на секојдневните обврски преку мало олабавување, а работниците притоа уживаат.

„Тоа помага. Човек може да се раздвижи, да стане, да спортува малку, тоа носи задоволство“, вели Џузепина Карбонаре од службата за контрола.

Работниците тука, во оптичката контрола, не се движат многу. Цел ден гледаат во микроскопите и ги контролираат ситните чипови на тркалезната плоча. Искуството помага за коректна проценка на грешките. Поради тоа фирмата радо вработува долгоодишни соработници.

Шефицата на групата Ефталија Вајнберг тука работи повеќе од 30 години. „Се гледаат плочките за чипови. Ако постои некоја грешка, се знае точно дали е таа критична или не“, објаснува Вајнберг.

23.04.2013 DW-TV Wirtschaft Bosch 01

Мало опуштање на работното место

За работниците да бидат фит, се грижи и тамошната кантина. Секојдневно овде се нуди оброк со точно одреден број калории. Околу една петтина од вработените јаде здрава храна, значи тоа не го прават само жените.

Грижата за здравјето има важна улога и во производството. Порано работниците во смена мораа по 300 пати да удират со чекан. Сега тоа го прави хидраулична машина. За тоа се погрижија лекарите и инеженерите пред поставувањето на новата производна лента.

Ергин Дурак, вработен во монтажа, објаснува: „Овој апарат е од голема помош, зашто не мора веќе физички да се работи. Нема веќе оптоварувања, туку тоа се прави со притискање копче и вртење на реглерот“.

Оние за кои се води таква грижа, тешко се разделуваат од фирмата кога ќе дојде време за пензија, што е добро за „Бош“. Фирмата го користи знаењето на постарите и има околу 1.400 пензионирани експерти на располагање.

Фриц Бауман ги познава сите електромотори на производителот, исто како и оние од повеќето фабрики во Азија: „Добро е ако сте му некому потребни и ако не сте за во старо железо“.

Токму неговата помош ја бара една фабрика во Кина. Овој 67-годишник размислува за тоа дали дали да се впушти во прекуокеанска авантура.