1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бошкоски ќе се жали и до Стразбур

„Тоталитаризам“, „Прочитавте пресуда напишана од власта“, беа дел од коментарите на најблиските на Бошкоски. Семејството најавува жалба до повисоките судски инстанци, па и до Судот за човекови права во Стразбур.

default

Од министер за внатрешни работи до затвореник: лидерот на „Обединети за Македонија“ Љубе Бошковски

Пресудата ја донесе Основниот Суд Скопје 1. Бошковски е прогласен за виновен по две обвиненија. Злоупотреба на службена должност како лидер на политичката партија Обединети за Македонија и незаконско финансирање на изборната кампања поради тоа што примил пари во готово. За првото дело Бошкоски доби 2 години, а за второто 6 или единствена казна затвор од 7 години. Судијката Радица Василевска пред новинарите и семејството на Бошкоски ја прочита пресудата по што следеше бурна реакција од роднините на Бошкоски. Одбраната најави дека ќе ја обжали пресудата пред надлежните судови, а најавена е жалба и пред меѓународниот суд во Стразбур.

„Не веруваме во Апелација ниту во другите судови во Македонија, како што не верувавме ниту во овој суд, ова е политички процес и политичка пресуда“, изјави Виолета Бошкоска, сопруга на осудениот.

Прва пресуда од ваков вид

Лидерот на „Обединети за Македонија“ е првиот осуденик во Македонија за незаконско финансирање на изборната кампања. Тој, само ден по вонредните парламентарни избори одржани на 5 јуни годинава беше уапсен во еден скопски ресторан со поголема сума на пари во готово. Според полицијата, парите, околу 100.000 евра, наменети за финансирање на изборната кампања, Бошкоски ги добил од бизнисмен, кој подоцна во текот на процесот се јави како заштитен сведок. Семејството од самиот почеток на процесот тврди дека станува збор за политички монтиран процес, бидејќи Бошковски беше жесток критичар на владејачката партија.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Горан Чутаноски

Поврзана содржина