1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бошкоски ќе се брани со молчење

Адвокатскиот тим на претседателот на Обединети за Македонија (ОМ), Љубе Бошкоски, поради неговата здравствена состојба одлучил дека е најдобро да се брани со молчење.

default

Обвинет за „нечиста“ изборна кампања: Љубе Бошкоски

„Адвокатскиот тим сметаше дека во овој момент со оглед на неговата здравствена состојба подобро е да не дава никакви изјави“, рече адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.

Прашањата за тоа како бил следен Бошкоски, адвокатите засега не можеле да ги постават, бидејќи сe’ уште не им биле доставени посебно истражните мерки. Иако адвокатите побараа, поради здравјето, на Бошкоски да му се одреди домашен притвор, судот го одби нивното барање. Образложи дека не бил сослушан претставник од партијата, а со оглед на краткиот временски период до наредното судење, според судот, Бошкоски би можел да издржи со неговата здравствена состојба.

Судот го одложи претресот за судењето против Љубе Бошкоски за 29 септември бидејќи во судницата не беше присутен претставник од партијата, Обединети за Македонија. Иако Наталија Ивчева, член на претседателството на ОМ беше пред судот и судот неколку пати ја повика, таа не влезе внатре за да даде исказ. По одложувањето на рочиштето, Ивчева тврдеше дека до партијата немало стигнато покана од судот, дека треба да биде присутен овластен претставник на партијата: „Ние немаме никава информација дека треба некој да сведочи од партијата. Со адвокатите беше разговарано дека можно е да нe повикаат, ја оставивме адресата каде моментално се наоѓа партијата, меѓутоа до овој момент ние немаме добиено покана дека треба да имаме овластен претставник од партијата,“ рече Ивчева.

Чиста изборна кампања

Таа вели дека партијата не ги организирала членовите и симпатизерите на ОМ, кои беа дојдени пред Основниот суд 1 за да му дадат поддршка на Бошкоски. „Симпатизерите се дојдени самоиницијативно, не ги организраше партијата, за да не се свати тоа како притисок врз судството“ вели Ивчева.

Пред судот исказ даваше, Никола Поп Илиев, шеф на изборната кампања и потписник на сметката на партијата. Тој тврдеше дека се што се плаќало за изборната кампања одело преку специјалната сметка на партијата, отворена за кампањата. За водењето на кампањата биле поднесени и уредни извештаи до институциите.

Бошкоски се товари за нелегално финансирање на изборната кампања на неговата партија и за злоупотреба на службената положба. Осомничен е дека во неколку наврати од донатор примил пари за изборната кампања што не ги пријавил.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Борис Георгиевски

Поврзана содржина