1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Бошковски и Тарчуловски се повеќе од една година во Хаг

Екс-министерот за внатрешни работи, Љубе Бошковски и поранешниот полициски специјалец, Јохан Тарчловски, се втора година во Шевенинген.

Судот на ОН во Ден Хааг

Судот на ОН во Ден Хааг

Од петте случаи што ги истражуваше Хашкиот трибунал, главниот обвинител Карла Дел Понте се реши да го процесуира само досието “Љуботен“. Обвинетите се товарат дека при крајот на воениот конфликт во Македонија, во август 2001 година, дале налог или директно учествувале во одмаздничка акција на специјалните безбедносни сили во скопското село Љуботен, при што наводно биле убиени десет недолжни цивили - Албанци. Претходно, во истиот атар, припадници на ОНА, ликвидираа осуммина војници, кои преку селото оделе кон границата со Косово.

Во досегашниот период, владата на Македонија се обиде да издвои парични средства за одбрана на Бошковски и Тарчуловски, но тие никако да стигнат до адвокатскиот тим. Бошковски, кој беше кадар на ВМРО ДПМНЕ, во неколку наврати беше посетуван од владини министри, државниот обвинител, лидерот на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, кој се смета за негов близок соработник, како и актуелниот челник на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Овојпат како премиер, Груевски ќе се обиде да ги испита шансите – дали е можно случајот “Љуботен“ да се суди во Скопје. Хашкиот обвинител ја одбегнуваше таквата понуда. Кај меѓународната заедница постои страв дека евентуалното процесуирање во Македонија на случајот Бошковски, како и другите четири дела, за кои се сомничат команданти на ОНА за воени злосторства, може да предизвикаат нестабилност и меѓуетнички тензии. Претходната владеачка гарнитура и државниот обвинител, одбегнуваат да ги преземат четирите досиеја за масакрот кај Криволак, киднапирањето на 12-те Македонци во тетовско, запирањето на овда за КУманово еден месец, во што биле вмешани и актуелни тогашни министри, но и сегашни пратеници. Меѓу осомничените за воени злодела и командна одговорност е и поранешниот лидер на ОНА, а сега на ДУИ, Али Ахмети, кој деновиве ги затегнува политичките релации со новата влада и премиерот Груевски. Меѓу опозицискиот албански политички фактор, преовладува ставот дека НАТО дал гаранции оти нема да им се суди на припадниците на ОНА пред македонските судови и дека со законот за амнестија за нив завршува постапката. Дел од македонската јавност проценува оти во случајот Љуботен се работи за воени жртви и нема одговорност кај Бошковски и Тарчуловски. Премиерот Груевски денеска од Карла Дел Понте, ќе побара трибуналот да ги врати пред македонските судови процесуираните дела како и четирите досиеја за припадниците на ОНА, а владата ќе гарантира донесување закон за соработка со Хашкиот трибунал.