1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Боцевски: македонската влада предмет на терористички напад

*

Македонската влада, половина час по полноќ била предмет на терористички напад, изјави денеска порпаролот Ивица Боцевски. Две гранати од тромболински минофрлач со дострел од 400 до 450 метри биле испалени кон владата, но нема повредени. Гранатите имале потекло од Јужна Африка. Според Боцевски „ова е чин на терористички напад, но владата нема да отстапи од својата досегашна политика, а напаѓачите ќе бидат фатени“. МВР само ја потврди информацијата за напад на Владата. Подетални информации, како што јавија од полицијата, ќе бидат изнесени подоцна.