Боцан Харченко: Белград и Приштина подготвени за скоро почнување на преговорите | Вести | DW | 01.09.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Боцан Харченко: Белград и Приштина подготвени за скоро почнување на преговорите

*

Рускиот претставник на тројката на Контакт групата Александар Боцан Харченко изјави дека Белград и Приштина го поддржуваат предлогот на посредниците, за што поскоро отпочнување на директни преговори. Претставникот на Русија изрази и уверување дека Приштина ќе се воздржи од еднострано прогласување независност во текот на преговарачкиот процес за статусот на покраината. Според Харченко наредната средба на тројката со делегациите на Белград и Приштина ќе биде во септември, најверојатно во Москва.