1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бостон: Отворени прашања и жестоки дискусии

Откако беше упасен осомничениот атентатор од Бостон во јавноста се поставуваат многу прашања. Дали силите за безбедност претерано реагираа? Какви права има Џохар Зарнајев? И дали медиумите ја изиграа веродостојноста?

Дали е тоа криминален случај или терористички чин? Прашањето како американските правосудни органи да се однесуваат кон осомничениот атентатор Џохар Зарнајев отвори жестока дискусија. Доколку случајот се смета за криминален чин тогаш за него ќе се расправа пред казнениот суд, но доколку е терористички чин тогаш за него може да расправа и воен суд. Со оглед на тоа што осомничениот Зарнајев, според информации на ФБИ, е американски државјанин процес пред воен суд би бил можен, доколку тој се смета за „enemy combatant“ односно за „непријателски борец“, слично како и осомничените за тероризам кои се затворени на Гвантанамо. Од правен аспект меѓутоа е спорно, дали американски државјанин воопшто може да се сметаат за „непријателски борци“. Сенатори како Џон МекКејн го бараат токму тоа.

Американсктата влада очигледно сака да го примени казненото право. Таа имено сака при сослушувањето на Зарнајев да се повика на т.н „public safety exeption“, кое при непосредна опасност дозволува, на осомничените извесен период да им се ускратат нивните права. На Зарнајев прво не би требало да му се прочитаат неговите права, т.н. „Миранда права“. Овие права, кои го носат името на еден правен случај од 1966 година предвидуваат дека на секој осомничен, покрај другото треба да му се укаже на правото да одбие исказ и дека има право да повика адвокат. Сознанијата кои ќе се добијат при читање на правата може да се искористат во истрагата, но не и пред суд.

АКЛУ: Ускратување на правата е „неамерикански“

Dschochar und Tamerlan Zarnajew Anschläge Boston Marathon Watertown

Осомничените атентатори

Адвокатите на организацијата „American Civil Liberties Union“ (ACLU) на нивната интернет страница за ова објавија критички осврт на нивниот извршен директор Антони Д. Ромеро. Тој имено се залага за тесна примена на т.н. „исклучок во јавен интерес“. Тоа би требало да се примени, само ако постои натамошна опасност. Во основа секој обвинет има право да добие сознанија за неговите права. Ускратување на правата било „неамерикански“.

Како што се дознава од правни кругови, министерството за правда подготвува тужба поради тероризам. Дури и ако процесот заврши пред цивилен канзнен суд, уште многу работи се неразјаснети. Која е највисоката казна, која му се заканува на Џохар Зарнајев, зависи од тоа дали ќе биде обвинет на ниво на сојузна држава или на држава: Американската соујзна држава Масачусец нема смртна казна, САД меѓутоа како држава имаат ваква казна.

Ралф Беглајтер, директор на Центарот за политички комуникации на Универзитетот Делавер за Дојче веле критички се произнесе за употребата на зброот терорист за двјацата браќа. „Тие не се повеќе терористи од оној сторител, кој во основното училиште во Њутаун застрела 26 луѓе. Не сум сигурен дека сум согласен со поделбата на двете катергории пред правосудството“.

Прекумерна реакција на силите за безбедност?

MIT police arrive for a vigil for slain officer Sean Collier at the Town Common in Wilmington, Massachusetts, April 20, 2013. Collier, 26, was shot multiple times in his car on Thursday night as Boston Marathon bombing suspects Dzhokhar Tsarnaev and his brother Tamerlan tried to evade capture. REUTERS/Dominick Reuter (UNITED STATES - Tags: CRIME LAW)

Бостон по нападот

Во американските медиуми се дискутира за однесувањето на силите за безбедност. Поради потрагата на поставувачите на бомбите американските власти од граѓаните на Бостон цел ден и цела ноќ бараа да не ги напуштат своите домови. Трговијата и сообраќајот замреа. Критичарите како пратеникот во Претставничкиот дом Дач Руперсбергер приговараат дека со тоа терористите ја постигнале нивната цел. Поранешниот сентаро Џеф Бингемен според онлајн магазинот „Политико’ изјавил дека не можело да се замисли дека има нешто, што би можело да ја оправда постапката да се затвори цел град.

Критика за медиумите

Исто така и известувањето на американските медиуми наидува на се’ повеќе критики. Откако медиумите СиЕнЕн, Фокс Њус, новинската агенција АП и весникот „Бостон Глоуб“ имзинатиот четврток погрешно објавија дека е упасено осомничено лице. Силите за безбедност зборуваа за неоговорно известување. Истовремено тие ги користеа медиумите за да пласираат информации до населението. Сепак и во екстремни ситуации останува правилото информациите да се проверуваат пред да бидат објавени.