1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Босна и Херцеговина – како понатаму?

Епилогот од демонстрациите во БиХ одржани вчера (07.02.) е 156 повредени и запалени згради на Претседателството на БиХ, владата на Зеничко-добојскиот кантон, Тузланскиот, Херцеговачко-неретванскиот и на Кантонот Сараево.

Минатата ноќ и утрово се мирни во најголем дел од градовите во кои во текот на вчерашниот ден се повредени десетици граѓани и полицајци и беа запалени објекти на државните и кантонални инситуции, како и автомобили во нивна сопственост. Откако владите на Тузланскиот и Зеничко-добојскиот кантон поднесоа оставки, исполнето е едно од главните барања на демонстрантите. Во Тузла, од каде се’ почна, први се одлучија на ваков чекор.

Се бара техничка влада до избори

Unruhen Tuzla Gemeinde

Работниците од Тузла порачуваат дека во „Тузла е создадена нова иднина“

Претставници на работниците од фирмите „Дита“, „Полихем“, „Гумара“ и „Конјух“ во прогласот, во кој стои дека во „Тузла е создадена нова иднина“, се наведува дека со поднесувањето на оставката на владата е исполнето првото барање на демонстрантите и дека се создадени услови за решавање на постоечките проблеми. Лутината и бесот работниците сакаат да ги насочат кон изградба на корисен систем на власт. Тие бараат одржување на јавниот ред и мир и избегнување на криминализација, политизација и манипулација со протестите. Тие бараат создавање техничка влада со стручни, непартиски и некомпромитирани членови, која ќе го води Тузланскиот кантон до изборите во 2014-та година. Работниците бараат и процесуирање на економскиот криминал, одземање на нелегално стекнатиот имот и поништување на договорите за приватизација.

Освен ова, работниците бараат и изедначување на платата на претставниците од власта со онаа на вработените во јавниот и приватниот сектор, како и укинување на дополнителните плати на претставниците на власта.

Bosnien Unruhen in Sarajevo 2014

Во вчерашните немири се повредени 156 лица

Еден од премиерите побегнал од земјата?

Дали навистина ќе дојде до формирање на техничка влада или ќе се случат нови избори, во моментов не може да се знае, бидејќи сите барања ги разгледува федералната влада. Не се знае ни судбината на Унско-санскиот кантон, чиј премиер Хамдија Липовача, како што пренесуваат одредени медиуми, со семејството отишол во Хрватска, како што се претпоставува, поради лична безбедност. Тој претходно рече дека нема намера да поднесе оставка, бидејќи нема на кого да го предаде мандатот.

„Би бил несериозен кон граѓаните кога би го направил тоа, бидејќи не знам на кого да му ја предадам власта, а безвластие не сакам да дозволам. Ние власта можеме да ја препуштиме само на сериозни луѓе“, рече Липовача, а потоа, како што пренесуваат медиумите, преминал во Хрватска преку граничниот премин Изачиќ.

Многумина се прашуваа зошто нема реакција од политичарите на случувањата. Една од причините би можел да биде стравот од револтот на граѓаните и изразувањето на ново незадоволство.

Златко Лагумџија, првиот човек на СПД, по седница на претседателството на партијата во Сараево, изјави дека сите од неговата партија се подготвени да се повлечат од своите функции, доколку се најде некој да ги пополни.

Никшиќ: „Подобро да ги забраневме протестите“

Многумина очекуваа дека по нередите оставка ќе си поднесе премиерот на Федерацијата Нерми Никшиќ.

Bosnien Unruhen in Sarajevo 2014

На полицијата и’ било укажано да не употребува сила

„Првиот човек на безбедноста во БиХ веќе два дена ги повикува полицајците да не употребуваат сила, а повредени се повеќе полицајци, отколку граѓани, и луѓето мораат да сфатат дека со полицијата управуваат комесари, а не премиери и министри. Сега сметам дека ќе беше подобро да ги забраневме овие собири, но можете да замислите што тогаш би пишувале за нас во медиумите“, изјави Никшиќ.

Мнозинството од јавноста се согласува со тоа дека во владините редови завладеа паника и дека се прави обид за наоѓање модел за смирување на ситуацијата, бидејќи во овој случај не се знае што носи следниот ден.

Аналитичари, со кои разговараше Дојче веле, предупредуваат дека постојат политички сили кои едвај чекаат да ја искористат ваквата состојба, за да се наметнат како решение на ситуацијата. Во следните денови ќе бидат познати чекорите кои ќе се преземат за формирање на власта во кантоните, каде владите поднесоа оставки. Постои можност таму да не биде формирана власт до следните избори, а тоа значи финансиска блокада на кантоните.