1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Босански политички јазол

Токму денеска е десетгодишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор со кој завршија воените дејства во Босна и Херцеговина. Тоа е повод во Вашингтон, главно со американско посредство, босанскиот државен врв да преговара за можни промени на Дејтонски устав.

Истовремено, Европската унија денеска во Брисел го одобри почетокот на преговорите со Босна и Херцеговина за постигнуваање договор за стабилизација и асоцијација со оваа држава.

На десетгодишнината од Дејтонскиот договор, очите на јавноста во Босна и Херцеговина повеќе се завртени кон Вашингтон каде што се во тек разговорите за можните уставни промени во оваа земја. Босанскиот државен врв, освен со членовите на американскиот институт за мир, се состанаа и со третиот човек во хиерархијата на американскоот министерство за надворешни работи Николас Барнс, инаку задолжен за новата политичка иницијатива на САД кон Западен Балкан. Покрај решавањето на финалниот статус на Косово, таа политика очигледно го опфаќа и решавањето на дејтонскиот политички јазол во Босна. Преговорите во Вашингтон, како што јавуваат агенциите, очигледно се слика на тој ајзол, зашто се оценуваат како тешки и неизвесни. Заклучоците од преговорите, јави Асошиетед прес, се очекува да бидат сооопштени утре по средбата на највисоките босански претставници со американската шефица на диломатијата Кондолиза Рајс. Расположението на босанските преговарачи варира меѓу тотален песимизам и извесен оптимизам. Како што јавуваат босанските средства за инфрмирање, копјата се кршат околу тоа дали државата да има еден претседател или ќе го задржи сегашното тричлено претседателство. Радикални промени во овој систем се неприфатливи за политичарите на Република Српска, а единствената отстапка што ја нудат е претседател со двајца копретседатели. Напредок нема ниту во разговорите за реорганизација на парламентот, а Советот на министрите се уште не дошол на дневен ред. Дека е тешко и дека мора да има промени, смета и германската евро-парламентарка Дорис Пак, во интервју за Дојче веле:

„Не можеме да бидеме задоволни. Дејтон додуша ја прекина војната, но не се создадени вистинските основи за држава што функционира. Разликите меѓу ентитетите се уште подлабоки, а и етничкиот јаз стана поголем„.

На прашањето дали се можни промени на Дејтонскиот договор, Дорис Пак, со коментар:

„Дејтонскиот договор во последниве години во некои подарчја веќе е променет, но тоа не е доволно. На пример, постои еден министер за одбрана,а две војски. Тука се и реформите на полицијата кои не се применети, како и данокот на додадена вредност, но сето е многу компликувано. Државата мора поинаку да се организира. Не може толку мала држава да има 200 пратеници и 145 министри. За сето е потребен консензус меѓу политичарите, зашто тоа не може да го нареди никој однадвор„.

Номинираниот меѓународен наследник за висок претставник во Босна и Херцеговина на местото на Педи Ешдаун, Германецот Кристијан Шварц Шилинг, дејстонскиот договор позитивно го оцени. Во интервјуто за Дојчланд Радио Шварц Шилинг изјави:

„Владее мир и нема спротивставени армии. Постои единствена армија составена од три ентитети. Има реформа на полицијата, како и економски развој. Мора да се каже дека се случија некои основни промени. Единствено не успеа изградбата на демократски инситуации или барем не со посакуваната брзина. Сепак, треба да се биде стрплив„.