1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Босански мигрант осуден за тероризам во САД

Американски граѓанин со босанско потекло е прогласен за виновен од страна на Федералниот суд во Њујорк поради планирање терористички напади.

default

28-годишниот Адис Медунџанин по налог на терористичката мрежа Ал Каеда со двајца соработници требало да изврши бомбашки напад врз њујоршкото метро.

Медунџанин се товари за планирање на употреба на оружје за масовно уништување на територијата на САД, за давање поддршка на терористичка организација и за заговор за убиство на американски војници во Авганистан.

Медунџанин, кој е американски државјанин и двајца негови соработници, Пакистанецот Наџибула Зази и Авганистанецот Зареин Ахмедзадаи, планирале да извршат самоубиствен терористички напад на денот на осумгодишнината од нападите на 11. септември 2001. година.

Според Обвинителството, тројцата поминале обука во камп на терористичката мрежа на Ал Каеда во Пакистан, пред да започнат подготовки на напад во метрото.

Зази и Ахмедзадаи признаа дека подготвувале терористички напад, додека Медунџанин негира дека учествувал во подготовките. Според Обвинителството, Босанецот требало да биде извршител на нападот.

Тројцата поминале обука во камп на терористичката организација во Пакистан. Висината на казната треба да биде изречена на 7. септември, а на обвинетиот му се заканува доживотен затвор.