1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Босанскиот терорист се изјасни за невин

Мевлид Јашаревиќ и двајца осомничени помагачи се изјаснија за невини за нападот врз американската амбасада во Сараево

Мевлид Јашаревиќ, член на радикално исламистичко движење, кој е обвинет за терористичкиот напад врз американската амбасада во Сараево на 28 октомври минатата година, се изјасни за невин пред судот во Сараево.

Јашаревиќ се јави пред судот облечен во традиционална вахабитска облека, а и покрај трите предупредувања на судијата одби да стане, за да изрази почит кон институциите на Босна и Херцеговина.

Мевлид Јашаревишќ, Емрах Фојница и Муниб Ахметспахиќ се обвинети за членство во терористичка група, организирана од вахабитската заедница во босанското село Горња Маоча крај Брчко.

Целта на групата, според обвинението, била преку напади врз институции и дипломатски претставништва во Босна и Херцеговина да изразат незадоволство од состојбата на вахабитската заедница во земјата, во Европа и во светот.

Босанското обвинителство претходно соопшти дека ќе ја докаже вината на тројцата обвинети со исказите на 39 сведоци и вештаци. Максималната пресуда за ваков вид тероризам во БиХ е 20 години затвор.