1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Босанскиот премиер Терзиќ во Скопје

Премиерот на Босна и Херцеговина Аднан Терзиќ во посета на Скопје.

Скопје

Скопје

Македонија и Босна и Херцеговина ги решија проблемите од договорот за слободна трговија. Премиерите на двете земји Владо Бучковски и Аднан Терзиќ, вчера попладне во Скопје заклучија дека договорот и покрај надминувањето на отворените прашања не ги дава посакуваните резултати и оти економската соработка треба да се интензивира. „ Иако доаѓа до зголемување на економската соработка од 40 проценит, јас и премиерот Терзиќ сметаме дека може таа наша соработка да биде поинтензивна и да биде пример во регионот, како може две држави кои претендираат да бидат членки на ЕУ, во овој дел каде се договараме да имаме заедничка економска зона, да покаже дека едни на други не мора секогаш да бидеме конкуретни, туку отварајќи ги пазарите да им дадеме шанса на нашите компании, и на едниот и на другиот пазар да имаат третман на домашни компании.“ изјави македонскиот премиер Владо Бучковски по средбата со неговиот босански колгеа.

Трговската размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина е незначителна. Лани истргувале стоки вредни околу 75 милиони евра, со суфицит од 50 милиони евра на македонска страна. Најизвезуван македонски производ во Босна и Херцеговина е тутунот, а проблематичен е третманот на нејзините цигари на македонскиот пазар. Премиерот Терзиќ побара цигарите од тутунскиот комбинат од Сараево во Македонија да добијат третман на домашни производи, исто како и цигарите од другите земји во регионот. „Секако дека нашиот договор за слободна трговија се спроведува, но како и сите договори за слободна трговија и овој има одредени недостатоци, па премирот Бучковски и јас се одлучивме вака, на брзи состаноци да ги решаваме проблемите со кои се соочуваат стопанствениците од двете земји во спроведувањето на договорот за слободна трговија. Разговаравме за тутунот и млекото и договоривме некои работи како да одиме натаму.“ изјави Терзиќ

Освен ситните економски проблеми Македонија и Босна и Херцеговина немаат други отворени прашања. Македонија ќе испрати војници во мировна мисија во Босна и Херцеговина. Ќе се вика Алтеа и ќе биде прва европска мировна мисија на Македонија „На 22 мај парламентот на Република Македонија ќе расправа за испраќањето на војниците во мисијата Алтеа. Јас верувам дека ќе има поддршка во парламентот,за прдлогот кој владата го испрати, за испраќање на нашата прва мировна мисија во пријателска Босна.“

Македонските војници во Босна и Херцеговина треба да заминат во јуни.