1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борците против корупцијата-најкорумпирани

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) е загрижено поради нивото на корупцијата во одделни земји, за Македонија се издвојува корумпираноста на правосудството и подложеност на политичко влијание.

default

Според Комисијата за правни прашања и човекови права на ПС на СЕ, корупцијата во судството е „длабоко“ укотвена во многу земји членки на Советот на Европа.

„Во мојот извештај констатирав, што многу ме изненади, дека во многу земји луѓето гледаат во правосудството како во најголем извор на корупција. Македонија се наоѓа во таа категорија на земји.“ – вели за Дојче веле, финскиот пратеник Киммо Саси, кој го изработи извештајот за корупцијата во судскиот систем.

Од овој извештај се гледа дека Македонија, Бугарија, Грузија, Ерменија и Косово се разликуваат од другите земји по тоа што јавното мислење во нив гледа на корупцијата како на проблем кој се однесува на сите јавни институции, а на правосудството се гледа како на најкорумирана институција, иако тоа е задолжено да ги гони корумпираните и да ги заштитува тие што ја откриваат корупцијата.

Слаба доверба во правосудството

Слабостите и неефикасноста на македонскиот правосуден систем често се посочувани како од меѓународните така и од внатрешните фактори, но тоа што загрижува е дека на правосудниот систем се гледа како изложен на корупција и подложен на политичко влијание.

Македонската влада во 2004 усвои стратегија за реформа на правосудниот систем и за зацврстување на неговата независност и ефикасност. Но и покрај напредокот, забележан последниве години, довербата во правосудството останува и понатаму слаба.

Illustration zur Korruption

Закони има, но треба да се почитуваат

Групата на земји за борба против корупцијата ГРЕКО на Македонија и‘ дава преодна оценка кога станува збор за законските рамки за борба против корупцијата. Сепак, според внатрешните и надворешните набљудувачи на борбата против корупцијата, нема некои позначајни резултати.

Андреј Жерновски, еден од членовите на македонската собраниска делегација при ПС на СЕ, не ја негира констатацијата во Стразбур.

„Во овој случај се работи за посочување на проблем кој е реалност во Република Македонија и е набележано, токму каков е ставот на граѓаните за ова прашање. Точно е дека во сите анкети е набележано како институција која што е најкорумпирана или една од најкорумпираните. Тоа не е проблем, ако зборуваме реално, само на актуелната влада, тоа е проблем наназад, кој што не успеваат да го решат повеќе влади. И затоа моја сугестија е наместо да се буниме и да се обидуваме да ги промениме овие зборови, напротив, овие документи на крајот на краиштата служат да не‘ освестат, да ја прифатиме таа реалност и да работиме за во следниот документ да не бидеме споменати.“

Македонските парламентарци присутни во Страбур, не ни пробаа да направат измени или да дискутираат за содржината на извештајот.

Mazedonien - Land und Leute

Скопје: потребна е самокритика

Поблаги квалификации

Известувачот финскиот парламентарец Киммо Саси во однос на слабостите на македонскиот правосуден систем обвинет за корупција, се обидува да најде помеки зборови.

„Тоа не треба да значи дека таа е најкорумпирана земја, но тоа не оди заедно и тоа не е добро. Ова предизвикува загриженост, затоа и ги охрабрувам властите и парламентарците на Македонија да делуваат, бидејќи имаат уште многу работа за спречување на корупцијата во рамките на правосудството. Во извештајот јасно подвлекувам кои мерки треба да бидат преземени за независност на правосудството, кои им се добро познати на македонските власти,“ вели Киммо Саси.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска