1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борците на ПКК пристигнуваат во камповите во Ирак

Ако се‘ оди како што треба, тогаш ова би било крај на 30-годишната крвава војна и ПКК. Борците на ПКК се повлекуваат во Ирак.

Наџиба не е нејзино вистинско име. Сите членови на Работничката партија на Курдистан (ПКК) ја имаат оставено зад себе цивилната егзистенција во моментот кога донесле одлука за герилска борба против Турција. Младата жена добро владее со речникот на којшто треба да зборува. Таа му припаѓа на Народниот конгрес на Курдистан (Конгра-Гел), политичкото крило на ПКК. Наџиба во ирачки Ербил собира потписи за ослободување на основачот на ПКК Абдула Оџалан од затвор. Со светло сина тексас-кошула и наназад завртена безбол капа Наџиба изгледа како нормален млад човек кој се ангажира политички. Само сивите воени панталони го издаваат нејзиното минато. До неодамна 22-годишната Турчинка живееше во ирачките планини, во близина на границата со нејзината татковина.

Планините Кандил долго време се регион каде што се кријат герилците и се нивна база за операции. Оттаму тргнуваат во напади врз турските градови и институции, на кои се одговара со воздушни напади на турската армија врз позициите на ПКК во планините. Со секој напад првичната цел на ПКК - создавање независна курдска држава - стануваше се‘ подалечна.

Зашто, Работничката партија на Курдистан, како што официјално се вика ПКК, имаше се‘ помалку заедничко со партија и работа, а многу повеќе со вооружено насилство и напади. Се смета дека во насилствата животот го загубиле над 40.000 луѓе. Турција, ЕУ и САД ја категоризираа ПКК како терористичка организација. Курдите забележуваат дека така нема да мрднат напред, па сега стремат кон политичко решение. Преостанатите 2000 герилци на ПКК се повлекуваат од Турција во Ирак и треба да ги запрат своите акции во Турција. Наџиба вели дека првите борци се веќе пристигнати во кампот. „Повлекувањето тече“, вели таа со гордост.

Irak PKK Mitglieder Petition Freilassung Abdullah Öcalan

Петиција за ослободување на Оџалан

Мировни преговори меѓу Оџалан и Турција

Повлекувањето на борците на ПКК од Турција е резултат на мировни преговори што затворениот шеф на бунтовниците Оџалан и турската тајна служба МИТ ги водат од декември 2012 година околу начините за завршување на конфликтот. Турската влада бара, по повлекувањето, ПКК да се разоружа. Нејасно досега е кои политички отстапки Курдите ќе ги добијат за возврат.

ПКК и Конгра-Гел бараат со нов устав да се гарантираат политичките и културни права на околу 13 милиони турски Курди. На крајот Оџалан би требало да биде ослободен од затворот од Истанбул. За на ваквото барање да му дадат поголема тежина, Наџиба и нејзините соборци собираат еден милион потписи кои сакаат да ги предадат во Анкара, но и во Брисел.

Недовербата на двете страни е се‘ уште голема. Затоа ПКК најави дека веднаш ќе го запре повлекувањето доколку биде нападната. При едно планирано повлекување на борците на ПКК во 1999 година турската армија изврши напади во кои беа убиени околу 500 герилци. „Сега нашите луѓе се движат пеш преку планините и тоа само ноќе, за никој да не знае каде се и да не може да ги следи“, вели Наџиба.

Сега курдскиот дел на Ирак е сигурно пристаниште за герилците од Турција. Зашто од сите земји во кои што живеат Курди, тие во Ирак се стигнати најдалеку. Нивнио,т во голема мера независен, регион доживува вистински бум. Ирачки Курдистан е економски центар со странски директни инвестиции од над пет милијарди американски доалри. Критиката од ирачкиот премиер Нури ал-Малики дека прифаќањето на ПКК крие во себе непроценлив ризик, не го засега многу претседателот на Ирачки Курдистан Масуд Марзани, кој придонесе многу за да се издејствува повлекување на борците на ПКК. Кога 6-годишниот Барзани на крајот на април 2012 година отпатува за Анкара, таму беше пречекан со државни почести. Медиумите зборуваа за историски пресврт.

Erbil Stadt Nordirak

Ербил

Сирискиот режим како заеднички непријател

Причина за промената на ставовите е граѓанската војна во Сирија, која екстремно ги менува геостратешките односи во регионот во моментов. Откако режимот во Дамаск прави обиди да ја искористи ПКК за свои цели, а против Турција, и да и‘ остави сосема слободен простор за операции на североистокот на земјата, во Анкара е вклучен алармот. По падот на Садам Хусеин ПКК создаде неколку кампови во планините Кандил, кои се засолниште за околу 5000 нејзини борци. Ирачките Курди и денес се благодарни за поддршката на ПКК во војната против ирачкиот диктатор. Барзани не попушти ниту кога Анкара извршуваше воздушни напади врз герилски цели во ирачкиот пограничен регион и уништуваше курдски села. Сега курдската регионална влада во Ербил дејствува како посредник на сириско-курдската опозиција против Асад. Курдската демократска партија (КДП) на Барзани не само што организира редовни консултации, туку го организира и граничниот сообраќај кон Сирија на север. Непријателството кон Асад ги донесе Ердоган и Барзани на иста страна.