1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Борхарт е нов шеф на ЕУЛЕКС?

Германскиот дипломат Бернд Борхарт би требало да биде нов шеф на мисијата ЕУЛЕКС, јавуваат медиуми во Приштина, повикувајќи се на извори во ЕУ.

default

Бернд Борхарт

Бернд Борхарт би требало да го замени францускиот генерал Гзавие Бу де Марнак, со што би се прекинала практиката во историјата на ЕУ - пензиониран француски генерал да биде на чело на мисијата. Весникот „Коха Диторе“, повикувајќи се на високи извори во ЕУ, пишува дека изборот на германскиот дипломат на функцијата шеф на ЕУЛЕКС е сигурен. Засега нема официјална потврда на ваквата информација.

Борхарт порано беше амбасадор во Албанија и втор човек во германската амбасада во Романија. Педесет и седумгодишниот дипломат има искуство и со Косово, бидејќи за време на конфликтот беше заменик на Вилијам Вокер, кој беше шеф на Верификационата мисија на ОБСЕ на Косово.