1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Борусија шампионски ја почна одбраната на титулата

Почна новото првенство во фудбалската Бундеслига. Борусија продолжи таму каде што застана минатата сезона, со убедливата победа над Хамбургер

default

Марио Геце го прославува својот прв погодок во новата сезона

Фудбалерите на Борусија Дортмунд со убедлива победа од 3:1 против Хамбургер, ја започнаа одбраната на титулата.

Во воведното коло, во новата сезона во Бундеслигата, стрелци на головите за Борусија беа, на двапати Гроскројц во 17. и 48. минута и Геце во 29. минута. Честа на гостите од Хамбург ја спаси Теше со погодокот кој го постигна во 79 минута.

На својот стадион „Сигнал идуна парк“ пред 80 илјади расположени навивачи, Борусија со играта најави дека и годинава ќе биде најсериозен кандидат за титулата.

Останатите натпревари од првото коло во Германија ќе се одиграат денеска и утре.

Се среќаваат: Келн-Волфсбург; Аугсбург-Фрајбург; Штутгарт-Шалке; Хановер-Хофенхајм; Вердер-Кајзерслаутерн и Херта-Нирнберг.

Утре првото коло ќе биде комплетирано со дуелите Мајнц-Бајер Леверкузен и Бајерн Минхен-Борусија Менхенгладбах.

DW.COM